92-годишна баба го „освои“ срцето на Рафаел Надал со писмо на кое тој одговори

Светскиот тенисер, Рафаел Надал, изрази благодарност преку социјалните мрежи за поддршката која ја доби од негов фан.

92-godishna-baba-go-osvoi-srceto-na-rafael-nadal-so-pismo-na-koe-toj-odgovori-01.jpg

На Australian Open тој се соочи со повреда на ногата, но и покрај потешкотиите, очигледно сè е полесно кога имаш фанови од цел свет и на секоја возраст, кои нудат безрезервна поддршка.

92-godishna-baba-go-osvoi-srceto-na-rafael-nadal-so-pismo-na-koe-toj-odgovori-02.jpg

Имено, 92-годишна баба од Мексико, му напишала писмо на тенисерот во кое му посакува брзо да закрепне, како и многу успех во иднина на теренот.

„Драг Рафа, во декември, ти напишав писмо и го испратив на твојата Академија во Шпанија. Знам дека си зафатен, растрчан насекаде, па можеби не си го ни добил.

Јас сум 92-годишна жена, тенисерка и жесток фан. Ги гледам сите твои турнири, ако се во зори, местам аларм за да станам навреме да те гледам како играш.
Многу ми е жал за тоа што се случи во Австралија и се надевам дека целосно ќе закрепнеш.

Знам дека ќе бидеш во Акапулко кон крајот на месецот и посакувам да дојдам, но овие денови ми е многу тешко да патувам.

Ќе ми биде огромна чест и задоволство ако би можел да ми одговориш на писмото некој ден.“

Правнуката на жената го сликала писмото и го постирала на нејзиниот Твитер профил, го означила тенисерот и напишала:

Мојата прабаба е број 1 фан на Надал и му праќа писма постојано. Таа сè уште не добила одговор од него, па ја замолив да напише едно за на Твитер и ми го даде ова. Би ѝ го усреќиле денот на прабаба ми ако успееме да направиме пораката да ја прочита Надал. Ве молааам!

Пораката на Дебора добила околу 20.000 лајкови и е ретвитната повеќе од 20.000 пати.

Два дена подоцна, Дебора и нејзината прабаба го добија одговорот кој со душа го очекувале.

Рафаел Надал се огласи и на неговиот Твитер профил напиша:

„Драга Дебора, те молам пренеси ѝ ја мојата благодарност на прабаба ти за емотивното писмо, бидејќи ме трогна длабоко. Ги добивам сите писма за поддршка и ми значат многу. Многу ви благодарам. “ – гласеше пораката на тенисерот со која го исполни најголемиот сон на свој фан.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Договара повисока плата, вербално се пресметува заради него – Која е Фајза Ламари, мајката на Мбапе? Се кара со мајките на соиграчите на трибините, ги уценува клубовите за повисоки ...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
„Сè уште е тука и не ми недостасува“ – Пријателот на Михаел Шумахер зборува за неговата здравствена ... „Михаел е тука, па не ми недостасува. Неговиот живот сега е сосема поинаков и ја...
За него го оставила шекот со кого била верена: Љубовната приказна на Мирка и Роџер Федерер „Тогаш ја запознав светлината на својот живот, жена за која би одел на Месечинат...
Жртви во име на професијата – Како изгледаат стапалата на Леброн Џејмс и Шекил О'Нил од долгогодишна... Секоја професија си има своја тежина, а во спортот освен што постои опасност од ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg