Неш ја закомплицира борбата за титулата со победа во Франција

Неверојатни маневри со големи брзини, падови од кои се кршат коски, акција од која запира срцето, но и тркачки изведби поради кои ова издание на Red Bull Crashed Ice беше едно од највозбудливите некогаш видени. Американецот Камерон Неш успеа да ги зачува своите соништа за одбрана на титулата во екстремниот спуст на лизгалки откако извојува драматична победа, а истото и успеа и на Канаѓанката Жаклин Лежер во женска конкуренција.

nesh-ja-zakompletira-borbata-za-titula-so-pobeda-vo-francija-1.jpg

Марсеј (ФРАНЦИЈА),- Неш експлодираше на стартот од финалето исполнето со голем притисок, полетувајќи на заканувачката патека без воопшто да се сврти до крајот, притоа забележувајќи една од најбрилијантните победи во својата кариера. Овој триумф на Неш остварен пред Канаѓанецот Скот Кроксал му овозможи да се распламтат желбите за третата титула. Со пласманот на подиумот, Кроксал го презема првото место од Марко Далаго, но сега Неш е на третата позиција, а до крајот има една трка од светското првенство Red Bull Crashed Ice, како и две трки од Купот на лизгачите.

По две грешки кои скапо го чинеа, оваа победа му беше неопходна на Неш за да остане во игра со изгледни шанси за нова титула и тој низ сите четири елиминациски борби прелета како на крилја, но успеа да најде сили и во финалето против другите ѕвезди. На старото пристаниште во Марсеј долж брегот на Средоземното Море, тој се инспирираше за нова самоуверена трка на тешката патека долга 340 метри, која беше погодена и од дожд. Најекстремниот момент беше спустот од 61%, најстрмен што е некогаш виден на овие натпреварувања. Американецот Максвел Дан се најде на третото место, а Лука Далаго беше четврти. Досега водечкиот во генералниот пласман, Марко Далаго од Австрија, стигна до петтата позиција, натпреварувајќи се во трките со брзина до 80 километри на час по патеката исполнета со пречки, каде што само двајцата најбрзи одат понатаму во следната рунда.

- Патеката е навистина мошне тешка, а конкуренцијата постојано се подобрува. Само се обидев да останам на своите нозе и да ја понесам брзината преку разните пречки. Имав навистина тешки трки, но сега тие се зад мене и останав да се борам самиот, а тоа е убаво. Голем успех е што постигнав да се вратам во трката за титулата, па се надевам дека дел од овој моментум ќе го понесам со мене во следните трки,- изјави победникот Неш.

nesh-ja-zakompletira-borbata-za-titula-so-pobeda-vo-francija-2.jpg

Кроксал е лидер во светското првенство со 2.400 поени, додека Марко Далаго падна на второ место со 2.305 поени, додека Камерон Неш сега е трет со 2.100 поени. На последната трка ќе има 1.000 поени за победата, па ситуацијата наликува на тоа дека кој ќе слави на трката во Едмонтон, Канада, ќе ја понесе и светската титула. Се очекува голема борба да се развие и во Купот на лизгачите, при што планирани се две трки во Северна Америка при преселбата на светското првенство на овој континент. Во нив, победниците можат да освојат максимум 250 поени за триумф.

Во женската конкуренција, Жаклин Лежер од Канада исто така ќе се надева на трета светска титула едно по друго, откако ја победи Американката Аманда Транзо. Анес Моран од Швајцарија го освои третото место. Доколку Лежер не победеше, Транзо како победничка од првите две трки можеше да ја освои титулата на една трка пред крајот, но не успеа во потфатот.

Резултати (мажи): 1. Камерон Неш (САД), 2. Скот Кроксал (Канада), 3. Максвел Дан (Швајцарија), 4. Лука Далаго (Австрија), 5. Марко Далаго (Австрија), 6. Мирко Лахти (Финска), 7. Кајл Кроксал (Канада), 8. Анти Толванен (Финска)

Резултати (жени): 1. Жаклин Лежер (Канада), 2. Аманда Транзо (САД), 3. Анис Моран (Швајцарија), 4. Сандрине Ранжо (Франција), 5. Тамара Каџа (Канада), 6. Макси Планте (Канада), 7. Мирјам Трепание (Канада), 8. Јунко Јамамото (Јапонија).

nesh-ja-zakompletira-borbata-za-titula-so-pobeda-vo-francija-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
Браво! Бодибилдерката Мери Акиевска трета година по ред ѝ донесе злато на Македонија (видео) „По третпат успеваме заедно да ја одбраниме оваа преголема титула“ – порача на И...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg