Исповед на момче од Босна: Девојка од Италија ме додаде на Фејсбук, а потоа следуваше шок!

Пред само неколку дена момче од Босна реши да ја сподели својата приказна јавно, со цел да ги предупреди корисниците на социјалните мрежи, за да го преживеат шокот кој него го снајде.

ispoved-na-momce-od-bosna-devojka-me-dodade-na-fejsbuk-a-potoa-sleduvase-sok-1

Можеби си мислите дека вие не сте толку наивни за да поверувате на лажен профил или ќе си речете дека не додавате непознати луѓе за пријатели на Фејсбук, но сепак секој може лесно да биде манипулиран и да потпадне под туѓо влијание.

Бидете внимателни и учете од туѓите грешки, а во продолжение погледнете што му се случило на ова младо момче од Босна:

„Ќе бидам искрен и отворен... Паднав во замка, прво преку Фејсбук, а потоа и преку Скајп и тоа во рок од 5 минути. Доживеав огромна непријатност. Денес тоа ми се случи на мене, а утре во прашање може да биде и некој друг. Затоа вреди да ги предупредам луѓето да не наседнуваат на ова.“

Следува објаснување:

„Неодамна на Фејсбук ме додаде девојка, која се имаше потпишано „Mariana Bonnet”, а сигурно постојат уште илјадници како неа. Се претстави дека е од Италија, меѓутоа јас слабо ги познавам странските јазици, токму и затоа не навлегував во директен дијалог со неа.

Но, денеска сепак одлучив да поразговарам со неа преку алатката за „chat”, го вклучив преводот и после некое време таа од мене побара информации за да ме додаде на Скајп.

Јас и ги дадов сите мои Скајп податоци, а после неколку минути таа веќе ме бараше преку видео повик и веднаш премина на главното. Бараше од мене, не знам како тоа да го наречам, но еве сепак ќе кажам „Секс преку видео”, а јас се сложив, бидејќи девојката беше прекрасна, згодна, шармантна... За брзо време таа започна да се соблекува, па почнав и јас.

Сето тоа траеше некои 2 минути, а потоа кога видеото прекина, добив огромен текст од „дотичната” личност и предупредување дека ова видео наскоро ќе биде испратено на некои сајтови и до сите мои пријатели.

Видеото кое беше снимено за тоа време додека ние се гледавме преку камера, беше навистина пуштено и објавено во јавноста. Јас веднаш ја блокирав, бидејќи сфатив дека станува збор за замка, односно за личност која сака да засрами наивни луѓе. Во овој случај јас сум тој кој излезе наивен, немам што да кријам.

Но, кога работите ќе ги погледнеме од друг агол, таму можеби има уште многу наивни луѓе. Кога го гледав нејзиниот профил на Фејсбук, сфатив дека во нејзината листа со пријатели има доста луѓе од Балканот.

Затоа би сакал оваа моја исповед да излезе јавно, бидејќи навистина не е пријатно да се доживее она што јас го поминав.”

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
Маж со церебрална парализа бил „затвореник“ во својот дом: „Сопругата и нејзиниот љубовник не ми дав... „Поминав четири години во кревет, ме хранеа само колку да преживеам“, открива па...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија „Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg