Мистериозна милијардерка: Има 33 години, богата е, а никој не ја знае

Како го замислувате животот на милијардерите? Дали во равенката влегуваат славата, луксузот, скапите хотели и најгламурозните забави? Веројатно тоа ви е прва асоцијација која ви паѓа на памет, но некои од нив водат сосема поинаков живот.

misteriozna-milijarderka-ima-33-godini-prebogata-e-a-za-nea-recisi-nishto-ne-se-znae-01.jpg

Таков е случајот со Линси Снајдер. Оваа девојка не се појавува на медиумите и по социјалните мрежи, па ако се обидете да откриете нешто за неа, тешко дека тоа ќе ви појде од рака. Нејзините интервјуа можат да се пребројат на прсти.

Линси е дел од семејството кое го поседува ланецот за брза храна „In-N-Out“, еден од најпопуларните ресторани за брза храна во САД. Таа е претседател на управниот одбор, а како единствена наследничка, за две години овој ланец на ресторани целосно ќе биде во нејзини раце.

Со тоа, Линси ќе стане една од најмладите милијардерки во Америка. Таа избегнува контакти со медиумите, но овој пат дала интервју за каналот CBS.

„Не сакам да бидам во центарот на вниманието. Тоа не сум јас“ – одговорила богатата наследничка на прашањето зошто е толку таинствена.

На професионален план таа е успешна жена, но семејната приказна не е онака како што таа ја замислила. 30-годишната милијардерка останала без неколку членови од семејството.

Првиот ресторан го отворил нејзиниот дедо во 1948-та година, а откако починал во 1976-та, ланецот го наследил нејзиниот чичко Рич кој бил на чело на компанијата се до авионската несреќа во која го загубил животот.

Потоа фирмата ја презел нејзиниот татко Гај, но по 6 години, кога Линси имала само 17 години, тој починал од предозирање.

По него, нејзината баба ја презела фирмата и ја водела се до 2006-та година. По неа, сега Линси е на чело на компанијата.

Таа досега отворила нови ресторани уште во две земји во САД, но бизнисот не го менува. Се држи до рецептот и начелата кои се поставени уште пред да дојде на чело на компанијата.

Она што го открила за нејзиниот приватен живот е дека се занимавала со аматерски бокс, има неколку тетоважи, од кои една е по Евангелието по Јован каде Исус вели: „Не се изненадувајте ако светот почне да ве мрази, бидејќи ме мразеа и мене“.

Нејзиниот приватен живот сè уште е вистинска мистерија. Она што е познато е дека таа била во брак веќе 4 пати, а точната бројка на деца кои ги родила е непозната.

Би можело да ве интересира:

Инфлуенсерка сподели трик со кој изгледа повисока – Си стави тетоважа со лажен папок на стомакот (ви... „Изгледа како нозете да ѝ се подолги, а торзото помало“ – велат во коментари они...
Меланија чека пак да стане прва дама, Иванка „бега“ од Доналд Трамп и си минува мигови со сопругот и... „Доналд Трамп или ќе стане претседател или затвореник, или пак ќе биде првиот за...
„95% од моето тело е со псоријаза, порано се срамев, но никогаш повеќе нема да ја кријам кожата“ Една девојка храбро го сподели своето искуство за животот со тешка псоријаза, ко...
Ја обвинија дека си ги убила децата, помина 20 години во затвор – Која е Кетлин Фолбиг која била неп... 20 години се веруваше дека таа во сон ги задушувала своите деца, затоа што не мо...
Меланија Трамп се појави по долго време со моден погодок – повторно незаинтересирана за сопругот (фо... По долго отсуство од јавноста и неколку појавувања без гламурот на кој бевме нау...
Спортската презентерка со најбујно деколте живее во Италија (фото) Италијанката Марија Арегини е спортска презентерка која има своја емисија за бок...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg