Како реагира на модерната технологија човек кој бил 44 години во затвор? (видео)

Отис Џонсон бил затворен уште на своите 25 години и кога излегол од затвор веќе имал 69 години. 44-годишната казна која ја добил била поради обид за убиство на полицаец.

neverojatna-reakcija-na-modernata-tehnologija-od-covek-koj-izlegol-od-zatvor-po-44-godini-01.jpg

По долги години поминати во затворската ќелија кога излегол од таму, светот за него бил драстично променет.

„Застанав на Times Square и гледав каква е атмосферата. Новите работи кои се случуваа. Забележав дека сите или барем мнозинството луѓе си зборуваа сами со себе. Тогаш погледнав одблиску и забележав дека имаат нешто во ушите“ – така го опишува Џонсон првото свое искуство со новата технологија по излегувањето од затворот.

„И првото нешто што си го помислив беше, сите станале ЦИА агенти? Тоа е единствената работа која можам да ја помислам кога ќе видам некој со слушалки во ушите“ – додава тој.

„Некои луѓе воопшто и не гледаат каде одат. Се чудам како можат да се контролираат, односно како гледаат каде одат?“ – продолжува.

Она што му било најчудно било колку луѓето се сконцентрирани на своите телефони, па воопшто не гледаат во другите луѓе, ниту каде одат.

Следното нешто што го открил било дека повеќе не се употребуваат кабините со телефони, бидејќи секој има мобилен телефон...

Џонсон дава фасцинантна перспектива за тоа колку светот се има променето во последните 40-на години:

Би можело да ве интересира:

Важеше за најубавото девојче во светот: Како изгледа денес Русинката Анастасија (13)? На неполни 3 години започна да се занимава со моделинг и е најмладиот модел кој ...
Манекенка остана без коса поради алопеција: „Се мразев себеси, но денес сум среќна што поминав низ т... „Беше вистинска траума - ја загубив косата, не работев, веќе не бев популарната ...
Маж разочаран од љубовта сака да се ожени со кукла робот: „Таа е најдоброто нешто во мојот живот“ „Отсекогаш сакав да сум оженет, но, доживував само љубовни разочарувања. И ...
Сиромашен пар посвои бебе од сиропиталиште - тој стана милионер, им изгради куќа од соништата и со н... Максимо и Феникс, иако живееле сиромашен живот, сè што имале делеле со својот по...
„Имав 338kg, сопругот ме остави кога ослабев, но денес сум среќна мајка на 3 деца“ Од нозете ѝ биле извадени 40 килограми масти. Сопругот ја напуштил кога ослабела...
Видео полно емоции: Девојка направи тетоважа специјално за татко ѝ, кој боледува од Алцхајмер „Пред 4 месеци седев на час и ја дизајнирав оваа тетоважа за татко ми со надеж д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg