Кој е најсреќниот град во Европа?

По последните истражувања направени од страна на Европската Унија, беше откриен најсреќниот град, а со тоа и најдобрата земја за живеење.

koj-e-najsrekjniot-grad-vo-evropa-01.jpg

Истражувањето е направено на 40.000 испитаници од 28-те членки на Европската Унија, кои требало да одговорат на прашања за тоа колку се среќни и задоволни од сопствениот живот.

Резултатите покажуваат дека, како и во претходните 12 истражувања, Норвешка е најдобрата земја за живеење, а Осло најсреќниот град.

Покрај Осло, уште еден град чии жители се најсреќни е Цирих. И во двата града, жителите биле 99% согласни дека се среќни и задоволни од сопствениот живот.

Ова воопшто не е чудно, ако се земе предвид дека скандинавските земји и Швајцарија често се наоѓаат на врвот на светските листи кои го истражуваат квалитетот на животот и среќата.

Но, резултатите покажале едно интересно и неочекувано сознание - главниот град на Литванија, Вилнус, е исто на врвот на листата со 98% задоволство на неговите жители. Исто како и Белфаст, Северна Ирска.

Градовите каде жителите изјавиле најмало задоволство се Истанбул, Атина и Палермо, Италија.

Ова воопшто не е чудно, ако се земе предвид фактот дека во последните месеци овие држави се соочуваат со политички протести.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко на сијамски близначки: „Ако правиме операција за одвојување, едната од нив ќе умре“ „Требаше да одлучам дали ќе си го убијам едното дете за другото. Тоа е нешто што...
Ја носела и 5-годишната ќерка во салон: Која е најпознатата зависничка од солариум? На солариум ја носела и 5-годишната ќерка, па добила забрана во некои од салонит...
Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...
Нови детали за исчезнувањето на Медлин МекКен од 2007-ма година: Киднаперот барал девојче за да го п... „Кристијан планираше да ја грабне Медлин за да ја продаде на германски пар што н...
Листа на најбезбедните и најопасните држави во светот (Македонија е речиси на истата позиција како л... Исланд се смета за најбезбедна држава во светот, додека Македонија е на 38-то ме...
„Јас сум плус-сајз девојка и сакам да патувам – плаќам за 2 седишта во авион, но се соочувам со крит... Инфлуенсерката Саибра е плус-сајз девојка која сака да патува и вели дека секојп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg