Глетка која не се заборава: 70-годишна жена смирува непознат агресивен човек, држејќи го за рака

Понекогаш малите гестови можат да направат големи промени во животот на луѓето околу нас, а оваа 70-годишна жена нè потсетува дека нежниот човечки контакт може да ги смири и оние најагресивните.

70-godishna-zena-so-golemo-srce-podala-raka-i-so-smirila-agresivniot-zovek-01.jpg

Неочекувано, оваа жена посегнала по човекот кој се однесувал агресивно во возот „Sky Train“ во Ванкувер, а Фејсбук корисникот Ехаб Таха кој седел покрај нив ја фотографирал ситуацијата.

Да не била храбрата жена, ситуацијата веројатно ќе ескалирала во нешто посериозно. Таха вели дека човекот имал брзи движења, пцуел, викал и ги плашел патниците.

Додека повеќето само го одминувале и молчеле, жената посегнала со раката по него и чекала да подаде рака назад. „Само ја испружи раката и чекаше на него. Се држеа така 15 до 20 минути додека човекот конечно не пристигна до својата дестинација“ - објаснува Таха.

Откако човекот излегол, Таха ѝ се заблагодарил на жената и ја прашал зошто го направила тоа.

„Не сакав да се чувствува осамено. Јас сум мајка и имам два сина кои се на негова возраст, а животот знае понекогаш да биде неподнослив, посебно на таа возраст“ - му одговорила.

Оваа жена е доказ дека не ви се потребни големи гестови за да покажете сочувство, понекогаш потребна е само рака.

70-godishna-zena-so-golemo-srce-podala-raka-i-so-smirila-agresivniot-zovek-1.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сите детали за трагичната смрт на двајцата тинејџери во Грција, која го потресе регионот Минатиот викенд двајца 18-годишни пријатели од Ирска загинаа на грчкиот остров И...
Родила 51 дете, па направила операција за да не забременува - Која е „најплодната жена во светот“? По присилниот брак со многу постар маж, Маријам од Уганда првпат родила кога бил...
Морничаво видео: Исплашен патник снима откако Boeing авион почнал да паѓа надолу Од јануари, неколку Boeing авиони се соочија со инциденти вклучувајќи запален мо...
Трансродови натпреварувачки, плус сајз модел – Како изгледаше Мис универзум 2023? За првпат во историјата на Мис универзум, годинава се натпреваруваше плус сајз ж...
Дете на 2-годишна возраст се искачи до камп на Монт Еверест на 5.364 метри и сруши рекорд (фото) Со своите две години, малиот Картер од Англија стана најмладата личност која сти...
„Во Белград ме мразеа“ - Девојка од САД открива кои 4 градови не се безбедни за жени што патуваат са... „Од првиот миг кога стигнав во Србија, чувствував непријателски однос кон мене“ ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg