Момче добило пријатно изненадување, откако никој не се појавил на неговиот роденден

9-годишниот  Џералд Хамилтон е дете кое неодамна го искусило еден од најболните моменти во своето детство, откако ниту едно дете не се појавило на неговата роденденска забава.

9-godishno-momce-dobiva-iznenadna-zabava-otkako-nitu-eden-soucenik-ne-se-pojavil-na-rodendenot-01.jpg

Неговата баба Амелија Лара очајна поради тагата на нејзиниот внук одлучила да објави статус на Фејсбук кој допре до многу срца и предизвика лавина од реакции.

„Мојот внук досега имаше 5 операции на мозокот и побавно се развива од останатите соученици. Но, и покрај тоа, тој е најдоброто и сочувствително дете. Неговата мајка испрати 30 покани до целото негово одделение.

12 рекоа дека ќе дојдат. Во 3 часот попладне Џералд проверуваше дали сите вреќички со мали знаци на внимание се подготвени за неговите пријатели, беше облечен и подготвен за забава.

Во 5 часот попладне уште седеше и чекаше, одбивајќи да ја пресечеме тортата, надевајќи се дека барем едно дете ќе се појави“ - напишала неговата баба.

Лара во својата објава ги замолила сите оние кои ќе ја прочитаат да му пратат честитка на Џералд.

Иако роденденот завршил, тој оттогаш добил голем број на честитки, но и можност да го запознае неговиот омилен рагби тим „Chicago Eagles“, па и да влезе во собранието на градот и да има можност да си игра со полициските кучиња.

9-godishno-momce-dobiva-iznenadna-zabava-otkako-nitu-eden-soucenik-ne-se-pojavil-na-rodendenot-1.jpg

Оттогаш и понатаму продолжил да добива подароци.

9-godishno-momce-dobiva-iznenadna-zabava-otkako-nitu-eden-soucenik-ne-se-pojavil-na-rodendenot-2.jpg

„Среќна сум што благодарение на добрите срца на луѓето, тој сепак е среќен и му покажавме дека не сите луѓе на овој свет се лоши“ - заклучува неговата баба.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ќерка ми имаше модринка под окото – лекарите велеа дека не е ништо, а потоа дознавме дека има рак“ „Бевме на лекар за да ја види модринката под окото, но ни рекоа дека не е ништо“...
„Бев професионален кечер со огромни мускули и тежев 127 килограми - сега сум среќна транс жена“ (фот... Габи Туфт била кечер со импресивна кариера. Но, за време на пандемијата почнала ...
Браво! Девојка од Финска бесплатно им ги чисти домовите на луѓето со сериозни здравствени проблеми Аури од Финска бесплатно чисти домови на лица со проблеми со физичкото и менталн...
Ги изгубил нозете на 5 години, ја искачил Килиманџаро со инвалидска количка: Инспиративната приказна... Харизмата и динамиката на Спенсер Вест од САД ги плени сите. Споделувајќи го сво...
„Син ми се роди без анален отвор – Мислев дека ќе останам без него, но по 6 операции лекарите го спа... „Бев преплашена дека ќе го загубам. Мораа да го стават на животна поддршка и мис...
Листа на најбезбедните и најопасните држави во светот (Македонија е речиси на истата позиција како л... Исланд се смета за најбезбедна држава во светот, додека Македонија е на 38-то ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg