Атлантик Група и белгиската компанија Аминолабс склучија стратешко партнерство

Загреб, јули 2017. – Атлантик Група ќе го дезинвестира производството на спортска и активна исхрана на белгиската компанија Аминолабс Груп, но ќе го задржи брендот Multipower.

atlantik-grupa-i-belgiskata-kompanija-aminolabs-sklucija-stratesko-partnerstvo-01.jpg

Со цел понатамошно реструктурирање и поедноставување на работењето во сегментот на спортска и активна исхрана, но и фокус на сопствените брендови, Атлантик Група одлучи да ги продаде фабриките во Германија (Блекеде) и Хрватска (Нова Градишка) како и поврзаното производство за трети лица (private label) на белгиската компанија Аминолабс Груп. Вредноста на трансакцијата изнесува 27 милиони евра од кои исплатата на 20.3 милиони евра следува по потпишувањето на договорот, додека остатокот ќе биде исплатен во наредните две години. Завршувањето на трансакцијата се очекува во последниот квартал од оваа година. Атлантик Група во погонот во Нова Градишка останува малцински партнер, а стратешките брендови Multipower, Champ и Multaben се издвоени во посебна бизнис единица и остануваат во стопроцентна сопственост на Атлантик Група.

Атлантик Група ќе продолжи да го развива брендот Multipower, приближувајќи го до премиум сегментот, задржувајќи ги во своја надлежност маркетингот, продажбата и иновациите на производниот портфел на спортска исхрана. Договореното производство на стратешкиот бренд се продолжува во соработка со Аминолабс, а новото партнерство отвора перспектива за раст на целокупното работење со спортска исхрана во Европа.

Аминолабс Груп е специјалист за развој и производство на иновативни концепти во областа на додатоци за исхраната и е добавувач на бројни угледни меѓународни компании кои се занимаваат со здрава исхрана. Компанијата има седиште во Хаселт во Белгија и два современи производни погони кои го имаат сертификатот GMP (Good Manufacturing Practice) сместени во Хаселт и Зотегем. Компанијата делува во 36 земји низ светот, а купувачи се многу угледни брендви, интернет продавници, малопродажни и фармацевстски ланци.

Би можело да ве интересира:

Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
Во Саудиска Арабија се прави град во форма на линија, долг 170km – Зошто некои го критикуваат проект... Досега веројатно сте слушнале за надреалниот град кој се прави во Саудиска Араби...
Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс? Синот на Гризелда води успешен бизнис со марихуана, додека нејзиниот сопруг е мр...
Исповед на маж: „Ја започнав процедурата за да станам трансродова личност – пресреќен сум што се отк... „Има луѓе кои не се трансродови и промената на полот им е начин за да станат нов...
„Имам 53 години и танцувам на шипка – никогаш не сум се чувствувала посреќно, иако ме осудуваат“ 53-годишната Кери е професионална танчарка на шипка. Додека многумина смета...
Сонувала да се омажи за богат маж, но сама заработила милиони - Самохрана мајка од Гана е вистинска ... Одбила брак со милионер, останала сама со 2 деца и морала да се врати во родното...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg