12 градови кои работат на забрана на возење автомобили

Во 2015-та, Осло соопшти план за забрана на сите автомобили во центарот на градот до 2019-та.

12-gradovi-koi-rabotat-na-zabrana-na-vozenje-avtomobili-01.jpg

Овој план наишол на протески од бизнисите, па градот дојде до едно поинакво паметно решение.

Наместо да ги „избрка“ автомобилите, надлежните изјавиле дека ќе го отежни нивното користење со тоа што ќе ги забрани паркинг местата.

Но овој норвешки град не е единствениот кој се подготвува за ослободување од многуте автомобили.

Многу градови низ светот почнуваат да наоѓаат решенија за тоа како да направат повеќе простор за пешаци и да го намалат нивото на CO₂ од горивото.

Ова се 13-те градови кои веројатно ќе успеат во тоа:

Осло

Норвешкиот град ќе инвестира многу во јавен правен и ќе замени 35 километри пат кој бил наменет за автомобили со велосипедски ленти.

12-gradovi-koi-rabotat-na-zabrana-na-vozenje-avtomobili-02.jpg

Мадрид

Мадрид планира да забрани автомобили на 500 хектари од центарот на градот до 2020-та. 24 улици на кои има најмногу метеж ќе бидат наменети за пешачење наместо за возење.

Возачите кои нема да го почитуваат правилото ќе платат казна од најмалку 100 евра.

12-gradovi-koi-rabotat-na-zabrana-na-vozenje-avtomobili-03.jpg

Ченгду, Кина

Новиот изглед на градот кој планираат да се оствари до 2020-та година, ќе биде направен така, да биде полесно да се оди пешки отколку да се вози.

Автомобилите нема целосно да бидат забранети но само половина од улиците ќе бидат дозволени за нив, а пешаците ќе можат да стигнат секаде за 15 минути.

12-gradovi-koi-rabotat-na-zabrana-na-vozenje-avtomobili-04.jpg

Хамбург

Германскиот град планира пешачењето и велосипедите да бидат доминантни начини за транспорт. Во следните 2 децении, градот ќе го намали бројот на автомобили, со тоа што одредени зони ќе бидат дозволени само за пешаци и велосипедисти.

12-gradovi-koi-rabotat-na-zabrana-na-vozenje-avtomobili-05.jpg

Копенхаген

Сега, повеќе од половина популација во Копенхаген, секој ден се превезува со велосипеди благодарение на зоните кои се само за пешаци, а постојат уште од 1960-та. Овој град има најнизок процент на сопственишто над автомобили во Европа.

12-gradovi-koi-rabotat-na-zabrana-na-vozenje-avtomobili-06.jpg

Париз

Градот сака целосно да ги обесхрабри возачите од возење автомобили низ центарот. Од јули, 2016-та забрането е возење автомобили постари од 1997-та во центарот за викенди.

Сега сакаат да го дуплираат бројот на велосипедски ленти и да лимитираат одредени улици само на електрични автомобили до 2020.

12-gradovi-koi-rabotat-na-zabrana-na-vozenje-avtomobili-07.jpg

Лондон 

Исто како Париз, така и Лондон сака да ги забрани дизел возилата до 2020. Моментално, градот ги обесхрабрува возачите на дизел возила со тоа што наплаќа казна од околу 12 евра ако се вози таков автомобил за време на часовите во кои има најмногу метеж.

12-gradovi-koi-rabotat-na-zabrana-na-vozenje-avtomobili-08.jpg

Брисел

Повеќето улици околу центарот на градот отсекогаш биле само пешачки зони. Брисел ја има најголемата зона забранета за автомобили после Копенхаген. Градот бара уште начини за да ги прошири зоните кои ќе бидат забранети за возила, а од 2018-та ќе биде забрането возење на дизел возила постари од 1998-ма.

12-gradovi-koi-rabotat-na-zabrana-na-vozenje-avtomobili-09.jpg

Мексико Сити

Во април 2016-та, локалните власти одлучиле да забранат дел од автомобилите кои возат во центарот, 2 дена во работните недели и 2 саботи месечно. Тие одлучуваат кои автомобили ќе возат во одредени денови, со помош на систем на ротација базиран на регистрациските таблици.

12-gradovi-koi-rabotat-na-zabrana-na-vozenje-avtomobili-10.jpg

Богота 

Во овој град, околу 120 километри од улиците се затворени за возила еден ден во неделата, а ова започнато уште од 1974-та. Сега градот има околу 300 километри во велосипедски патеки.

12-gradovi-koi-rabotat-na-zabrana-na-vozenje-avtomobili-11.jpg

Сан Франциско 

На 2-ри август, 2017-та, градот сопшти дека има план да забрани возила на една од најфреквентните улици и да стави велосипедски патеки. Низ целиот град има велосипедски патеки од 200 километри.

За проектот ќе бидат потребни неколку години, а првата фаза се очекува да започне во 2018-та.

12-gradovi-koi-rabotat-na-zabrana-na-vozenje-avtomobili-12.jpg

Њујорк

Иако градот не планира да забрани возила во брзо време, сепак го зголемува бројот на пешачки зони и велосипедските патеки и јавен превоз.

Тие имаат настани со кои ги охрабруваат луѓето да пешачат повеќе, а местата каде има најмногу метеж се строго пешачки зони.

12-gradovi-koi-rabotat-na-zabrana-na-vozenje-avtomobili-13.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...
Татко од Канада се жали: „Ги однесов децата во Дизниленд - потрошив цело богатство за да не чекам по... „Не одете во Дизниленд. Се срамам од тоа колку пари потрошив за еден ден со семе...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
Во Саудиска Арабија се прави град во форма на линија, долг 170km – Зошто некои го критикуваат проект... Досега веројатно сте слушнале за надреалниот град кој се прави во Саудиска Араби...
„Насекаде има тела - во морето, по улиците, под зградите“: Страшни и тажни сцени од поплавите во Либ... Либија се соочува со страшни поплави предизвикани од бурата Даниел. Бројот на за...
„Потрошив 50.000 долари за да личам на Мерилин Монро – мислам дека не ми стои добро“ Направила операции на градите, носот, задникот, вградила ботокс и филери, коишто...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg