Пустошот после ураганот Ирма (фото)


Пустошот после ураганот Ирма (фото)

Ураганот Ирма веќе се вброи помеѓу најсилните урагани кои пустошеле низ Соединетите Американски Држави, а сè уште претставува опасност за населението во тој регион.

posledicite-od-uraganot-irma-vo-sad-foto-01.jpg

Штетите се огромни, а бројот на жртви секојдневно се зголемува. Овој ураган сруши неколку рекорди во историјата на природните катастрофи во регионот на цела Америка:

Повеќе од шест милиони луѓе беа евакуирани од Флорида, што е најголема бројка на евакуирано население досега.

Скоро 95% од зградите во Барбуда беа оштетени за време на Ураганот Ирма.

Ирма е најсилниот ураган што некогаш се случил во околината на Мексиканскиот Залив и Карипското Море.

Досега никаде не биле измерени ветрови со јачина од 297 километри на час што севкупно траеле 37 часа.

Погледнете дел од фотографиите кои сведочат за моќта на ураганот Ирма и неговите последици:

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ураганот Ирма не им ја уништи смислата за хумор на жителите на Флорида Изминатиов период, светот е преплавен со трагичните вести за природната катастро...
Ураганот Ирма ги уништува Карипските Острови (фото) Како ураган од 5-та категорија со ветар од 300 km/h, Ирма е рангиран помеѓу најм...
Страшни фотки и видеа од Мајами пред и после Ирма Откако ураганот Ирма ја погоди Флорида, во Мајами настана вистински хаос. Страшн...