Контроверзна шминка инспирирана од ураганот Ирма ги разлути сите на Твитер

Убаво е да се задржи ведрината во тешките моменти, но некои луѓе ја преминуваат границата и од сè сакаат да направат тренд.

kontroverzna-shminka-inspirirana-od-uraganot-irma-gi-razluti-site-na-internet-01.jpg

Додека ураганот Ирма пустошеше низ Флорида, шминкерката Кали Харлоу се обиде на нелогичен начин да ја подигне свеста за помош на настраданите семејства. Таа креираше изглед инспириран од страшната природна катастрофа и го сподели тоа на нејзиниот Твитер профил.

https://twitter.com/KalElizabeth29/status/906592667198480385/photo/1

Шминката, односно боите на сенката за очи наликува на изгледот на ураганот снимен со сателит. Фотката веднаш доби илјадници негативни коментари од луѓе кои се прашуваат како може некој  да си поигра со ваква сериозна работа.

Многумина беа лути од овој гест на шминкерката и коментираа дека ова е очаен начин да привлече внимание во кризни моменти.  Харлоу се обиде да објасни дека не мислела ништо лошо со оваа фотка, но на крај се извини за целата ситуација која предизвика контроверзии.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка се жали: „Ќерка ми (10) бара да се шминка за да не ѝ се потсмеваат другарките“ „Овие девојчиња ставаат пудра, маскара и сјај за усни, значи не претеруваат, но ...
„Немам предни заби, но не се срамам да ја покажам насмевката – сакам да ги инспирирам жените“ Мејкап артистка од Канада ги изгубила предните заби на горната вилица во велосип...
Смешни теории на заговор на Твитер: „Дијана е мртва, Чарлс има рак, Кејт исчезна – се знае кој е вин... Британското кралско семејство поминува низ тежок период - се знае дека кралот Ча...
Стана најмладата милијардерка во светот со измами, доби 11-годишна казна затвор: Лудата приказна на ... Лажејќи дека има револуционерна технологија за тестирање крв која открива дури и...
Вирално видео: Новинар помеша случаен минувач со финскиот претставник на Евровизија - му направи цел... „Кој би можел да помисли дека по настапот Карија само ќе се шета на улица?“ – ст...
Застрашувачки видеа од ерупција на вулкан во Исланд – Може да уништи цел град Твитер е преплавен со надреални, но и застрашувачки видеа од ерупцијата на вулка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg