Немате право да се жалите дека ви е ладно: Замрзнато момче пешачело 5 km на -9⁰С за да стигне на тест


Немате право да се жалите дека ви е ладно: Замрзнато момче пешачело 5 km на -9⁰С за да стигне на тест

9-годишно момче од Кина, пешачело околу 4.8 km до неговото училиште на -9⁰С за да прави тест.

vekje-nemate-pravo-da-se-zhalite-za-studot-zamrznato-momche-peshachelo-4-km-na-9-za-da-dojde-na-test-01.jpg

Малечкото момче живее далеку од училиштето, во сиромашни услови, па патот кој го поминува е многу исцрпувачки, но сепак тој е многу позитивен и успева секогаш да ги насмее сите соученици, според директорот.

vekje-nemate-pravo-da-se-zhalite-za-studot-zamrznato-momche-peshachelo-4-km-na-9-za-da-dojde-na-test-02.jpg

Кога момчето пристигнало во училиштето премрзнато, директорот не можел да си поверува, бидејќи поради наглите ниски температури, наместо коса и веѓи, детето на себе имало мразулци, а обравчињата му биле целосно заруменети.

Фотката од 9-годишниот ученик вирално се прошири и создаде бура на емоции, кршејќи го срцето на многумина низ светот, а позитивното дете го доби и прекарот „ледено момче“.

vekje-nemate-pravo-da-se-zhalite-za-studot-zamrznato-momche-peshachelo-4-km-na-9-za-da-dojde-na-test-03.jpg

Откако момчето и патеката која ја поминува се проширија на социјалните мрежи, луѓето почнале да го контактираат училиштето, со цел да инсистираат да ги подобрат условите за учениците.

vekje-nemate-pravo-da-se-zhalite-za-studot-zamrznato-momche-peshachelo-4-km-na-9-za-da-dojde-na-test-04.jpg

Со оглед на тоа што персоналот признал дека немаат доволно услови и дека не сите простории се доволно загреани, училиштето добило донации повеќе од 15.000 долари, 20 уреди за загревање и 144 пара топла облека за децата.

Момчето е вистинска инспирација со оглед на тоа што верува дека неговите услови и можности ќе се подобрат доколку се едуцира, а сите кои се запознаа со неговата приказна даваат целосна поддршка и веруваат во него. 

vekje-nemate-pravo-da-se-zhalite-za-studot-zamrznato-momche-peshachelo-4-km-na-9-za-da-dojde-na-test-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто сите ја критикуваат Кендал Џенер за рекламата на Pepsi? Кендал Џенер влезе во чевлите на Синди Крафорд како главно лице на реклама на Pe...
5-годишно девојче само се грижи за нејзините баба и прабаба, откако ма... Додека повеќето 5-годишни дечиња ќе ги сретнете на игралиште со свои врсници, ма...
Зошто е најдобро да растете деца во Шведска? Многу родители се соочуваат со тешко искуство кога мора да заминат од дома на ра...