Сезоната на авионските трки стартува од Абу Даби

Беспоштедните ривалства кои беа видени во Светското првенство од 2017 година повторно ќе заискрат претстојниов викенд, на 2 и 3 февруари, со почетокот на сезоната во Red Bull Air Race, кој веќе 11 пати едно по друго се случува во врелиот Абу Даби. Нови пилоти, иновации на тркачките авиони, како и надградените правила, ќе претставуваат нешта кои ќе „долеат гориво на оганот“.

sezonata-na-avionskite-trki-startuva-od-abu-dabi-01.jpg

Абу Даби (ОАЕ) – Со своите блескави облакодери кои ги рефлектираат сончевите зраци врз Арапскиот Залив, Абу Даби претставува дом на една од најдраматичните панорами кои можат да се видат во Светското првенство. Сезоната во 2018 година ветува возбудлива акција која што ќе биде перфектен партнер: тринаесет досегашни пилоти ќе ги продолжат своите ривалства и тоа при брзини од 370 километри на час, како и гравитациски сили кои достигнуваат до 10G, но со уште еден нов конкурент кој има совршени препораки. Светскиот првак кому ова му е прва титула, ќе ја започне сезоната како предводник на табелата, но многу тимови најавија радикална ревизија на своите авиони за трка, па отворањето во Обединетите Арапски Емирати ќе претставува вистинска платформа за прекин на неизвесноста.

sezonata-na-avionskite-trki-startuva-od-abu-dabi-02.jpg

Пилотите од шест континенти со нетрпение го очекуваат стартот на новите натпреварувања кои оваа сезона се квантифицирани во календар со осум трки. Иако ја освои титулата минатата година, светскиот првак Јошихиде Муроја од Јапонија ќе настојува да го заборави сопствениот лански резултат со кој ја запична својата кампања во Абу Даби, а претставуваше пласман на 13 место. Тоа претставуваше предзнак за ривалство со чешкиот пилот Мартин Шонка кој пак на ланската трка ја освои својата прва победа во Red Bull Air Race, па обајцата останаа во конкуренција до крајот кога во последната рунда Муроја стигна до првата титула, воедно прва за еден пилот од Азија, додека Шонка беше второпласиран. Најавите велат дека и оваа сезона се очекува „огномет“ во нивното ривалство кое ќе остави печат и во борбата за светскиот трон во 2018 година.

Канаѓанецот Пит МекЛиод беше пласиран на третото место во 2017 година, што е негов највисок дострел во досегашната кариера. Од друга страна, австралискиот пилот Мат Хол кој во два случаи беше второпласиран, ќе настојува да ја продолжи нагорната линија во резултатите забележани во финишот на 2017 година. И тој, исто како и МекЛиод, претходно се има најдено на подиумот во Абу Даби. Во меѓувреме, двајца претходни светски прваци, Кирби Чемблис од САД и Матијас Долдерер од Германија се гладни за свежа доминација.

sezonata-na-avionskite-trki-startuva-od-abu-dabi-03.jpg

Оваа сезона ќе го одбележи и враќањето на Велика Британија во трките од Светското првенство. Кон пилотите од „Мастер класата“ се приклучува Бен Марфи, кој е поранешен лидер на акробатскиот тим „Црвените стрели“, кој е дел од Кралските воздухопловни сили на оваа земја. Тој веќе две години стекнуваше искуство во „Челинџер класата“ која претставува можност за младите пилоти да стигнат до почетни искуства во овие трки и потоа да се фатат во костец со најдобрите од „Мастер класата“.

Од друга страна, меѓу предизвикувачите од „Челинџер класата“ оваа година ќе има две нови имиња: Италијанецот Дарио Коста и Јужно-Африканецот Патрик Дејвидсон, а обајцата се единствени претставници од своите земји. Десетмината пилоти од ова натпреварување во новата сезона ќе добијат сосема нови авиони, од типот „Edge 540 V2“.

Засилување на возбудата претставува и промената на правилото кое се однесува за пречекорување на лимитот од гравитациски сили, при што наместо дисквалификација тие ќе продолжат да се натпреваруват и ќе заработат временска казна.

- Никогаш порано не сум ја очекувал сезоната со вакво нетрпение. Во 2017 година бевме на работ од нашите седишта, беше толку изедначено и секој тим гледаше своја шанса за слава, па се обиде да стигне до неа,- вели Ерих Волф, генерален менаџер на Red Bull Air Race. - Сметам дека ќе имаме феноменален напредок во технологијата и вештината, а тоа најмногу се цени во Абу Даби, град со богата традиција во мотоспортот. Ова е перфектно место за да се започне втората декада од нашите светски првенства!

ГЛЕДАЈТЕ ВО ЖИВО:

Најсвежите информации, вести и директен пренос ќе можете да ги проследите на www.redbullairrace.com.

Календар за 2018 година:

02/03 февруари Абу Даби, ОАЕ
21/22 април Кан, Франција
26/27 мај, Европа, дополнителна локација
23/24 јуни, Будимпешта, Унгарија
04/05 август, Азија, дополнителна локација
25/26 август, Казан, Русија
06/07 октомври, Индијанаполис, САД
00/00 ноември, Азија дополнителна локација

Би можело да ве интересира:

„Имам ретко генетско нарушување: Последен пат јадев пред 4 години, не смеам да пијам вода“ „Што и да правам, мојот ден запира во 16 часот - мора да сум дома за да примам и...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
Девојка останала без заби на 24 години поради проблеми со здравјето - сега доби нови и живее „втор“ ... Поради реакција од лекови против болка, Натали од Канада почнала да повраќа мног...
„Се разведов од сопругот откако остана во инвалидска количка – сега се грижам за него со новиот парт... Сопругот на жена од САД доживеал сообраќајка, а поради повредите, сега е во инва...
„Принцот Хари беше вљубен во Кејт, а тоа ѝ пречеше на Меган“ – нови тврдења на кралска авторка „Меган Маркл сигурно била многу завидлива и љубоморна на Кејт Мидлтон“ – тврди а...
Прво видео од Кејт Мидлтон откако исчезна - Јавноста верува дека е нејзина двојничка „Објавија и лажно видео од Кејт? Значи никогаш повеќе нема да ја видиме“, е еден...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg