Cookies, Mouse, Meme - Како настанале најпопуларните компјутерски поими?

gluvce-spam-kolace-zabavni-prikazni-za-nastanuvanjeto-na-ovie-poimi-01

Глувче, колаче, спам - сите овие технолошки поими се двојници на зборови со сосема обично секојдневно значење, но никој до сега не можел да открие зошто и како започнале да се користат.

За прв пат, еве неколку приказни скриени зад најкористените поими во светот на технологијата.

1. Mouse

gluvce-spam-kolace-zabavni-prikazni-za-nastanuvanjeto-na-ovie-poimi-02

Што претставува: Уред за навигација на компјутерот.

Од каде потекнува: Никој не знае, дури ни човекот кој го измислил, Даглас Енгелбарт.

„Не знам зошто го нарековме глувче. Понекогаш се извинувам за тоа. Еднаш така го нарековме и потоа никогаш не го променивме името,“ открил за време на една конференција во 1968 година каде ја претставил оваа иновација.

Во друго интервју пак, тој рекол дека никој не може да се сети на вистинската приказна, но затоа што изгледал како глувче со опашка, сите меѓу себе така го нарекувале.

Роџер Бејтс, дизајнер на хардвер кој во тоа време работел на изработка на глувчето, ги памети работите малку поинаку. Во неговата книга тој открива дека курсорот некогаш бил нарекуван „мачка“, па било природно мачката да го следи движењето на глувчето.


2. Blog

gluvce-spam-kolace-zabavni-prikazni-za-nastanuvanjeto-na-ovie-poimi-03

Што претставува: Личен вебсајт за пишување и препраќање линкови

Од каде потекнува: Терминот е кратенка од „веб-блог“. Осмислен уште во 1997 година од Џорн Баргер, а терминот водел до неговата веб страна Robot Wisdom која ги следела сите негови интернет доживувања.

Како што времето поминувало, зборот по малку се скратувал, за денес поимот „блог“ да прерасне во еден од најкористените зборови во светот на технологијата.


3. Cookies

gluvce-spam-kolace-zabavni-prikazni-za-nastanuvanjeto-na-ovie-poimi-04

Што претставува: Мал дел од информација сочувана кога ќе посетите некоја веб страна.

Од каде потекнува: Извадок од „магични колачиња“, стар термин кој го имал истото значење.

Лоу Монтули, пронаоѓачот на овие веб-колачиња, вака го објасни нивното име:

„Слушнав за терминот магично колаче уште на колеџ и ми се допадна само делот колаче од естетски причини. Колачињата се првата работа која ми дојде на памет и името буквално ми се заглави во главата.“

Не постои јасна дефиниција од каде оригинално потекнува поимот магични колачиња, но теориите често пати се повикуваат на старите видео игри, каде натпреварувачите требало да соберат токму такви колачиња за да напредуваат со својата позиција.


4. Spam

gluvce-spam-kolace-zabavni-prikazni-za-nastanuvanjeto-na-ovie-poimi-05

Што претставува: Непотребни известувања по пат на електронска пошта.

Од каде потекнува: Заблагодарете се на Монти Пајтон за ова.

Во еден дел од старото комично шоу, за вечера имало Спам во секој сад. Потоа, ликовите започнуваат да пеат и да го извикуваат овој збор неколку пати.

Токму така терминот спам станал синоним за нешто неподносливо досадно, кое што не ви е потребно како информација.


5. Meme

gluvce-spam-kolace-zabavni-prikazni-za-nastanuvanjeto-na-ovie-poimi-06

Што претставува: Идеја или акција која се шири вирално на интернет.

Од каде потекнува: Во 1976 година, научникот Ричард Давкинс напишал дека има потреба од збор кој ќе опишува одреден акт на културна имитација.

Тој најпрво го забележал грчкиот збор „mimeme“ кој значи имитирана работа, но подоцна го скратил во „меме“. Се чинело пологично заради францускиот збор „même“ кој значи „исто.“


6. Hacker

gluvce-spam-kolace-zabavni-prikazni-za-nastanuvanjeto-na-ovie-poimi-07

Што претставува: Лице кое врши компјутерски криминал, односно насилно пристапува до информации кои не се дозволени за јавноста.

Од каде потекнува: Хакирањето не било отсекогаш негативна акција. Порано, кога светот на технологија сè уште се развивал, овој поим бил синоним за паметен и талентиран човек кој се разбира во електроника.

Добронамерните хакери постојат до ден денес, но заради неколку негативни случаи, поимот хакер е синоним за криминал.


7. Firewall

gluvce-spam-kolace-zabavni-prikazni-za-nastanuvanjeto-na-ovie-poimi-08

Што претставува: Програма која се бори против хакери и вируси кои го напаѓаат компјутерот.

Од каде потекнува: Терминот е стар околу 100 години и има буквално значење - ѕид посебно дизајниран за да го спречи ширењето на оган.

Во компјутерскиот свет тоа се однесува на сите штетни вируси.

Би можело да ве интересира:

И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg