Како да откриете дали нечиј Фејсбук профил е лажен?

Не е ништо ново дека Фејсбук е најпопуларната социјална мрежа, ниту пак дека 20-30% од профилите се лажни со цел да спамираат и шират вируси.

kako-da-otkriete-dali-necij-facebook-profil-i-lazen-01.jpg

За да проверите дали новиот пријател е вистински или лажен, внимавајте на овие 5 работи:

1. Проверете ги фотографиите

Прво што можете да направите е да ги проверите фотографиите. Ова е најбрзиот и најпрецизен начин за проверка. Преземете ја профилната фотографија од корисникот кој мислите дека е лажен, отворете ја почетната страница на  Google и кликнете Images, во горниот десен агол.

Кога ќе се отвори новата страница, кликнете на икончето со фотоапарат во десниот дел на пребарувачот. Ќе добиете можност за да ја ископирате url адресата на фотографијата или да ја вметнете фотографијата зачувана во вашиот компјутер.

Штом ја додадете фотографијата ќе го добиете нејзиниот вистински извор и ќе видите дали е на корисникот или е преземена од некоја друга страница.


2. Број на фотографии

Повеќето лажни пријатели имаат само 1 фотографија, односно 2/3 од лажните профили ја имаат оваа карактеристика.


3. Активности на тајмлајн

Лажните профили обично немаат никаква содржина или имаат само основни информации за профилната слика, пол и дата на раѓање.


4. Повеќето лажни профили се женски

Многубројни истражувања покажале дека повеќе од половина лажни профили се женски. Најчесто со провокативни фотографии и имиња.


5. Проверете ги пријателите

Во случај да немате ниту еден заеднички пријател со новиот профил, веројатно се работи за лажен. Проверете кои заеднички пријатели, групи или фан страни ги имате за да дојдете до некоја информација плус.

Би можело да ве интересира:

Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg