Huawei P9: Најмодерниот смартфон сега достапен и во корално сина боја

Во историјата на производителите на смартфони, 2016 година ќе биде одбележана од непобитен факт - Huawei е првиот произведувач којшто успешно го имплементирал фотографското искуство на Leica во мобилните уреди.

huawei-p9-najmoderniot-smartfon-sega-dostapen-i-vo-koralno-sina-boja-1.jpg

Комбинирајќи хардвер и софтвер од највисоко ниво, Huawei P9 на корисниците им овозможува да ги уловат најзначајните моменти во животот со највисок квалитет, без притоа да се направи компромис во елеганцијата и компактниот стил на смартфонот. Задната камера со двојна леќа на P9 функционира синхроно, што гарантира создавање фотографии со перфектни детали, длабочина и интензитет. Сликите во боја содржат повеќе детали, додека црно-белите фотографии го задржуваат препознатливиот, уникатен, стил на Leica.

huawei-p9-najmoderniot-smartfon-sega-dostapen-i-vo-koralno-sina-boja-4.jpg

Иновациите, сепак, продолжуваат во декември, кога Huawei ќе ги обезбеди и за македонските потрошувачи. Досега, носечкиот P9 беше достапен во три бои - Prestige Gold, Titanium Grey и Mystic Silver (златна, сива and сребрена). Сега ќе може да се набави и во сина варијанта, со што моделот ќе биде поспецифичен, со пофин изглед и стил, што ќе биде посоодветно за бизнис конзументи, како и за дами посветени на својот лајфстал. Убавина, рафинираност и елеганција, ова се трите карактеристики си кои би можеле да го опишеме новиот син Huawei P9. Моделот сега содржи и нов полнач, којшто обезбедува до 30 отсто побрзо полнење на батеријата во споредба со досегашниот полнач.

huawei-p9-najmoderniot-smartfon-sega-dostapen-i-vo-koralno-sina-boja-2.jpg

Освен овие перфектни визуелни атрибути, Huawei P9 содржи и повеќе компоненти што можат да се дефинираат и како авангардни. Најпрво, тоа е најбрзиот октакор процесор Hi Silicon Kirin 955, а тука е и рам-меморијата од 3 гигабајти како и просторот од 32 гигабајти за оперативниот систем и за мултимедијалните фајлови. Ако е потребно, меморискиот капацитет може да се надгради со микро СД картички. Предната страна на P9 отскокнува со оптимална големина на екранот од 5.2 инчи којшто е заштитет од најновото стакло отпорно на оштетување - Corning Gorilla 4. Личните податоци се заштитени со најмодерниот и најбрзиот скенер за отпечатоци. Батеријата на Huawei P9’ е 3000 милиампери, што е доволно за користење меѓу еден и пол и два дена.

Покрај сето ова, Huawei P9 е придружува и од смарт часовникот Huawei Watch, како и од смарт алката Huawei A1. Сите овие елементи придонесуваат кон трансформацијата на Huawei P9 во совршениот додаток на личниот стил на корисниците.

huawei-p9-najmoderniot-smartfon-sega-dostapen-i-vo-koralno-sina-boja-3.jpg

Би можело да ве интересира:

За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg