Запознајте го HUAWEI P10, прекрасен спој на технологијата и уметноста

P серијата дебитира во нови бои и Leica стил.

zapoznajte-go-huawei-p10-prekrasen-spoj-na-tehnologijata-i-umetnosta-1.jpg

Барселона - 26 февруари 2017 – Бизнис Потрошувачката Група на Huawei ги претстави HUAWEI P10 и HUAWEI P10 Plus на почетокот на Светскиот Конгрес за Мобилни Телефони 2017 година. Долгоочекуваното продолжение на серијата P е комбинација на елегантен хардвер и најнови достигнувања во софтверот. Уште повеќе, овие нови паметни телефони имаат впечатливи бои и завршетоци, како и нова Leica двојна камера 2.0 со врвни карактеристики за портрет и предна камера Leica за исклучителен автопортрет.

Во прилог на HUAWEI P10 и HUAWEI P10 Plus, беше претставено и второто издание на паметен часовник, HUAWEI WATCH 2 и Porsche Design HUAWEI Smartwatch. Овој 4G уред комбинира иновативна технологија со автентична изработка, и се одликува со спортски и стилски минимал дизајн.

"Како што културата и технологијата продолжуваат да се испреплетуваат во секој аспект на нашиот свет, потребно е да се испорачуваат нови производи и искуства кои го подобруваат животот", вели Ричард Ју, извршниот директор на Бизнис Потрошувачката група на Huawei. "Нашиот нов импресивен HUAWEI P10 и HUAWEI P10 Plus со Leica камера, со извонреден дизајн и хардверски иновации им пружаат на корисниците моќно искуство преку еден уред.“

zapoznajte-go-huawei-p10-prekrasen-spoj-na-tehnologijata-i-umetnosta-2.jpg

Новите уреди од серијата P ја демонстрираат континуираната посветеност на Huawei да поставува нови стандарди за користење и креативно изразување. Клучните карактеристики на уредот се:

• Leica двојна камера 2.0 за P10 и Leica двојна камера 2.0 PRO за изданието P10 Plus, погодни за фотографирање на уметнички портрети прецизниот 3D детектор за лица, динамично осветлување, додатоци за портрет, природни bokeh ефект и Huawei хибриден зум, како и првата во светот предна камера Leica со нов, посветол сензор и поголем отвор за исклучителни автопортрети;

• Трендовски бои и дизајн, вклучувајќи ги и првите уреди изработени и доработени со дијамантско отсекување, како и бои создадени во партнерство со Pantone – најголем авторитет во индустријата за бои;

• Kirin 960 процесор, HUAWEI Ultra Memory и новиот EMUI 5.1 со 4x4 LTE aнтена MIMO и 2x2 Wi-Fi aнтена MIMO за исклучителни перформанси.

zapoznajte-go-huawei-p10-prekrasen-spoj-na-tehnologijata-i-umetnosta-9.jpg

Артистичко Фотографско Студио во Твоите Раце

Воведувањето на двојната камера 2.0 на Leica, за корисниците значи истражување на широкиот спектар на можности на портрет фотографијата. Со 12-мегапикселен RGB сензор , монохроматски сензор со 20 мегапиксели и подобрена фузија, HUAWEI P10 обезбедува супериорни технички и уметнички карактеристики на фотографија направена со smartphone.

За да им помогне на корисниците да ги прилагодуваат нивните фотографии, HUAWEI P10 и HUAWEI P10 Plus имаат прецизен 3D детектор за препознавање на лица . Со цел да ги подобри карактеристките и можностите на камерата за портрети, Huawei направи опширно истражување на различни типови на лица, форми и бои на кожа. Преку препознавање на посебноста на цртите на илијадници лица и типови на кожа, подобрувањата на портрет –камерата може да се применат на повеќе начини. На пример, позицијата и големината на носот во фотографијата, потребно е да бидат прецизно детектирани за камерата да додаде вистинско светло или сенки на портретот .

Покрај тоа, HUAWEI P10 и HUAWEI P10 Plus имаат авто-сензор алгоритам кој ги следи промените во осветлувањето во околината и автоматски ја прилагодува конфигурацијата на снимањето. Предната камера Leica има нова F / 1.9 бленда и сензор кој снима повеќе светлина. Предната 8-мегапикселна камера е можност за исклучителни автопортрети. HUAWEI P10 и HUAWEI P10 Plus имаат опција автоматски да откријат дали корисникот изведува автопортретите или автопортретите со повеќе луѓе. Ако уредот детектира дека повеќе луѓе прават селфи авт, се префрлува во режим за широк агол.

Двата уреди имаат bokeh за боја и црно-бели слики. Со користење на bokeh се создаваат поостри, појасни и поживописни бои, додека позадината на сликите останува елегантно заматена или надвор од фокус.

Во HUAWEI P10 Plus е вградена новата Leica двојна камера 2.0 Pro Edition, која има SUMMILUX-H леќи со поголема F/1.8 бледна и оптичка способност.   Овие повеќенаменски леќи доловуваат остри снимки одблиску, брзи акции и повеќе светлина во услови на слаба осветленост.

Ко-развиена со GoPro, HUAWEI P10 и HUAWEI P10 Plus имаат функција Highlights што претставува локална фотографска технологија која генерира фото албуми врз основа на луѓе, места и настани, како и автоматски генерира видео приказни едитирани со апликацијата Quik на GoPro.

zapoznajte-go-huawei-p10-prekrasen-spoj-na-tehnologijata-i-umetnosta-11.jpg

zapoznajte-go-huawei-p10-prekrasen-spoj-na-tehnologijata-i-umetnosta-10.jpg

Иконска P Серија со Трендовски Дизајн

Со водство во производната индустрија, HUAWEI P10 е убаво дизајниран уред , како одвнатре, така и однадвор.

Тимот на дизајнери на компанијата ја интегрира за прв пат технологија за отсекување со дијамант и постигнување на рељефна текстура , за финиш на површината во фина мат или сјај.

HUAWEI P10 и HUAWEI P10 Plus ќе бидат достапни во широк спектар на уникатни бои, како резултат на едно специјално партнерство со институтот за бои - Pantone Color Institute. Комбинирајќи ја дизајнерската експертиза на Huawei со иновациите во бои развиени од Pantone, беа креирани две нови бои на уредот, кои го одразуваат карактерот на современиот корисник и создаваат нови трендови во боите на мобилниот пазар. Блескаво Сина (Dazzling Blue) и Бојата на година 2017 на Pantone, Зеленкаста (Greenery), беа дизајнирани од Pantone Color Institute и оптимизирани од Huawei, за да создадат убава завршница со сјајен ефект.

Уредите изработени со иновативната технологија за отсекување со дијамант ќе бидат на располагање во Блескаво Сина (Dazzling Blue) и Зеленкаста (Greenery). Уредите во боја Rose Gold (розово златна), Mystic Silver (мистично сребрена), Graphite Black (црна графит) и Prestige Gold (престижно златна) ќе бидат со фин мат, а Ceramic White (керамичка бела) со сјај.

zapoznajte-go-huawei-p10-prekrasen-spoj-na-tehnologijata-i-umetnosta-5.jpg

zapoznajte-go-huawei-p10-prekrasen-spoj-na-tehnologijata-i-umetnosta-8.jpg

Следејќи го веќе докажаниот иноватовен дизајн на серијата P, HUAWEI P10 е елегантен и тенок 6.98мм smartphone. Во споредба со конкурентските уреди со издадени камери, прозорецот на камерата на серијата P  е целосно изедначен со задниот дел на уредот. И двата 5.1инчен и 5.5 инчен модел имаат стаклен дисплеј Corning Gorilla 5, тесни и врамени рабови, а HUAWEI P10 Plus има 2K дисплеј за поголема резолуција на сликата.

Како дополнување на металниот завршеток за минималистички, чист дизајн, сензорот за отпечатоци на HUAWEI P10 и HUAWEI P10 Plus е напред на телефонот и скриен под стаклото. Тој е заменет со лента за навигација, правејќи го екранот да изгледа поголем, а паметните копчиња  за допир побрзи и ергономски.


Исклучителни Достигнувања во Перформансите за Ефикасност и Поврзување

HUAWEI P10 и HUAWEI P10 Plus го поместуваат чекор понатаму значењето на ефикасноста на паметните телефони благодарение на моќниот Kirin 960 процесор и новите EMUI 5.1.  Kirin 960 е најновиот чип со високи перформанси на Huawei. Процесорот овозможува најдобри перформанси меѓу сите SoC чипови, и графичкиот процесор може да се пофали со подобрување од  180 проценти во перформанси и зголемување од 40 отсто во енергетска ефикасност.

Вградување на EMUI 5.0, на EMUI 5.1 оди понатаму со подобрувањето на UX, перформанси за оптимизација и неколку нови функции. Поточно, алгоритамот за Машинско Учење со следи и учи однесувањтое на корисниците и може да го предвиди користењето на апликациите и интелигентно да ги распредели и рециклира системските ресурси.

Врв на врвот на EMUI 5.0 е алгоритамот Huawei Ultra Memory . Прво, алгоритамот учи како корисникот го користи мобилниот телефон. Потоа, HUAWEI Ultra Memory ги користи научените податоци да предвиди фрекфенција на употреба на апликација и да управува со RAM меморијата, што прави апликациите и услугите кои се користат најчесто да се вчитаат побрзо и да се надминат блокадите од мултитаскинг. EMUI 5.1, исто така, го воведува HUAWEI Ultra Response кој се истакнува со побрза реакција при допир, како и подобрување на мазност на корисничкото искуство во touch технологијата.

Со 3,200 и 3,750 mAh батерија, HUAWEI P10 и HUAWEI P10 Plus поддржуваатHUAWEI SuperCharge  технологија (5V / 4.5A). HUAWEI SuperCharge  вклучува Huawei’s Super Safe механизам за заштита, кој овозможува реално време за струен напон, како и следење на температурата додека уредот се полни, што не е само брз, но сигурен начин.

Кирин 960 и EMUI 5.1 овозможуваат понапредни комуникации и чувствуво на вмреженост. HUAWEI P10 Plus има систем 4x4 MIMO антена која овозможува побрзи и постабилни врски, достигнувајќи до можни 600 Mbps. Двата HUAWEI P10 и HUAWEI P10 Plus, доаѓаат со 2x2 Wi-Fi Антена од MIMO системот. За корисниците кои бараат побрза и попрецизна навигација преку мапи и апликации, HUAWEI HiGeo технологијата ги комбинира податоците со сателитски и мобилни податоци за мрежно поврзување.

zapoznajte-go-huawei-p10-prekrasen-spoj-na-tehnologijata-i-umetnosta-4.jpg

Партнерства кои Инспирираат Креативно Изразување

Во прилог на својата долгорочна соработка со Leicа и Pantone, Huawei работи на глобално ниво со Saatchi Gallery за да ја подготви и прикаже првата изложба во светот која ќе се осврне на историјата на автопортрети од Веласкез до денешен ден, насловена како: From Selfie to Self-Expression. Oтворањето ќе се случи во галеријата Saatchi во Лондон на 31 март, 2017 година, a изложбата ќе ја нагласи современата улога на паметните телефони како уметнички медиум за себе-изразување.

Huawei, исто така соработува со престижниот Центр Сент Мартинс, светски водечки центар за уметност и дизајн. Инспирирани од футуристичкиот дизајн, повеќе од 60 студенти се вкчучија во задачата за создавање на концепти за додатоци за Huawei  P10 кои би се вклопиле во светот на модата и технологијата.

Исто така, вклучени во создавањето на ексклузивни додатоци е талентот зад модниот бренд Ricostru, Рико Мачит Ау. Партнерството со Ricostru носи нова естетика во технолошкиот дизајн, спој на совршениот инженеринг на Huawei со футуристичкиот дух на етикетата на Ricostru. Остар прилагодив и иновативен дизајн на додатоци кои се удобни, чисти и луксузни на допир – ја дополнуваат убавината и практичноста на паметните телефони на Huawei.

Конечно, Huawei и Vogue ги здружија силите за да бидат репродуцирани 10 легендарни фотографии од насловните страни од минатото – сликани со новиот HUAWEI P10 . Овоој проект ќе биде дел од “Coming into Fashion: A Century of Photography at Condé Nast”  изложба на екранот на Ullens Центарот за Современа Уметност (UCCA) во Пекинг. Глобално познатиот моден фотограф, Џамбо Цуи, ќе ги оживее и рекреира фотографиите со HUAWEI P10.

zapoznajte-go-huawei-p10-prekrasen-spoj-na-tehnologijata-i-umetnosta-12.jpg

Цени и Достапност

 Почнувајќи од март, P10 Huawei и HUAWEI P10 Plus ќе бидат достапни на следниве пазари:

Австралија, Кина, Колумбија, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Италија, Малезија, Мексико, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Перу, Австрија, Филипини, Полска, Русија, Саудиска Арабија, Сингапур, Јужна Африка, Шпанија, Шведска, Тајланд, Турција, Обиденетите Арапски Емирати, Велика Британија, Виетнам и Чиле.

Верзија                                                   EUR (+ДДВ)                                         

HUAWEI P10 64GB + 4GB €649
HUAWEI P10 Plus 64GB + 4GB €699
HUAWEI P10 Plus 128GB + 6GB €799

Почнувајќи од € 329, HUAWEI WATCH 2 ќе биде достапен во март во повеќе од 20 земји и региони.


За Huawei Consumer BG

Производите и услугите на Huawei се достапни во повеќе од 170 земји, и се користат од страна на една третина од населението во светот, што го рангира Huawei трет во светот по испорака на мобилни телефони во 2015. Шестнаесет Центри за Истражување и Развој се сместени во САД, Германија, Шведска, Русија, Индија и Кина. Huawei Consumer BG е една од трите деловни единици и опфаќа паметни телефони, компјутери и таблети, уреди за носење и мрежни услуги. Глобалната мрежа на Huawei е изградена врз 20 години експертиза во телекомуникациската индустрија и е посветена на обезбедување на најновите технолошки достигнувања на потрошувачите ширум светот.

За повеќе информации посетете го овој линк.

zapoznajte-go-huawei-p10-prekrasen-spoj-na-tehnologijata-i-umetnosta-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
За да го избришете профилот на „Threads“ мора да си го избришете и профилот на Инстаграм - корисници... „Штом еднаш влезеш нема излегување“ – велат дел од корисниците што ја пробале но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg