Не ви се доволни 10 прсти? Постои решение - трет палец кој може да го прикачите на раката

Како дел од својата дипломска работа, Дени Клод од Кралскиот колеџ на уметности креирала трет палец којшто се носи на раката и може да му помогне на корисникот да носи повеќе предмети, да цеди полесно лимони па дури и да свири сложени акорди на гитара.

Tret-palec-kojsto-moze-da-gi-prikacite-na-rakata-01.jpg

Третиот палец е моторизиран дополнителен прст којшто може да го контролира корисникот. Дизајниран е за секој што сака да ги прошири своите природни способности.

Студентката на дизајн на производи Дени Клод го креирала овој апарат како начин да го предизвика конвенционалното размислување за простетичките помагала, кои што вообичаено се гледаат како апарати за луѓе со физички недостаток.

Tret-palec-kojsto-moze-da-gi-prikacite-na-rakata-02.jpg

Tret-palec-kojsto-moze-da-gi-prikacite-na-rakata-03.jpg

„Потеклото на зборот „простетика“ е од грчкиот збор „prosthesis“ кој што означува да се додаде, да се закачи. Значи не да се замени или фиксира како што се стандардните простетички помагала.

Третиот палец е инспириран од коренот на зборот простетика и служи за истражување на начините за подобрување на човекот и има цел да го редефинира гледањето на простетиката како додаток на телото“ изјавува Клод.

Tret-palec-kojsto-moze-da-gi-prikacite-na-rakata-08.gif

„Тоа е дел алатка, дел доживување и дел лично дефинирање. Ја предизвикува нужната дебата за дефинирање на човечките можности“ вели Клод.

Третиот палец е контролиран од движењето на стапалата на оној што го носи, преку сензори за притисок поставени во неговите чевли.

Овој начин на контролирање на палецот е одбран за да се искористи веќе постоечката поврзаност помеѓу рацете и нозете, којашто постојано ја користиме при возење автомобил, работа со машина за шиење или свирење пијано.

Tret-palec-kojsto-moze-da-gi-prikacite-na-rakata-04.jpg

Tret-palec-kojsto-moze-da-gi-prikacite-na-rakata-05.jpg

Tret-palec-kojsto-moze-da-gi-prikacite-na-rakata-06.jpg

За да се постигне распонот на движења на палецот, тој е изработен од 3Д печатен флексибилен пластичен конец наречен Нинџафлекс. Два мотори го влечат палецот во различни правци и со тоа овозможуваат свиткување на трите зглоба.

Сево ова е покрено со школка 3Д печатена од поцврста пластична смола која се навлекува преку раката и го фиксира апаратот. Системот со којшто е поврзан третиот палец е сличен на начинот на којшто функционира кочница на велосипед.

Замислата на Дени Клод за овој апарат е секој кој има желба да може да го печати на 3Д принтер и доколку сака да го користи во иднина.

Tret-palec-kojsto-moze-da-gi-prikacite-na-rakata-07.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg