Зошто треба да ги исклучите електричните уреди кога летате со авион?

Пред полетувањето стјуардесите ги замолуваат патниците да ги префрлат своите уреди на „flight mode“, а кратко по слетувањето, да ги вратат во нормален режим.

zoshto-treba-da-gi-iskluchite-elektrichnite-uredi-pri-poletuvanje-i-sletuvanje-so-avion-01.jpg

И покрај тоа, не сите ги следат инструкциите и нивниот телефон го оставаат вклучен.

Причината најверојатно е тоа што тие не знаат и не разбираат зошто и како нивните телефони од неколку стотици евра, може да се вмешаат во работата на авионите кои имаат висока технологија вредна милиони.

Ако и на вас не ви е јасно, прочитајте нешто повеќе за да нема забуни следниот пат кога ќе летате во авион:

Зошто е важен режимот на летање (flight mode)?

Во овој режим, уредите ги исклучуваат сите мрежни услуги (Wi-Fi, GSM, Bluetooth итн.). Едноставно кажано, телефонот или таблетот престанува да функционира како радио приемник.

Ако не ви е префрлен телефонот на режим за летање, тогаш сигналот кој произлегува од него може да се вмеша во високо чувствителните електронски уреди и врски на авионите.

zoshto-treba-da-gi-iskluchite-elektrichnite-uredi-pri-poletuvanje-i-sletuvanje-so-avion-03.jpg

Можно ли е само да го оставите телефонот во режим на спиење (sleep mode)?

Кога телефонот „спие“ (не може да се јавувате и да пишувате СМС пораки), тој сѐ уште пребарува мрежа и фреквенцијата од неговиот сигнал може да се преклопи со фреквенцијата на важните електронски уреди на авионот.

Иако мислите дека „sleep mode“ не може да направи проблем, сепак ставете го во „flight mode“. Ако имате постар модел на телефон и немате таква опција, едноставно исклучете го целосно телефонот.

Зошто се опасни овие мешања во сигналот?

Како што знаете, полетувањето и слетувањето се најтешките фази во летот, а пилотите мора да се координираат за нивните акции со контролата на лето која се наоѓа на земја. Ова е овозможено со користење на систем за навигација.

Па така, сигналот од вашите електронски уреди може да предизвика пречки во радио комуникацијата и пилотот да не слушне важни информации од контролорот.

zoshto-treba-da-gi-iskluchite-elektrichnite-uredi-pri-poletuvanje-i-sletuvanje-so-avion-02.jpg

Какви електрични уреди може да се користат за време на летот?

1. За време на летот, може да користите секакви електронски уреди кои немаат функција на размена на податоци или мрежни услуги, како што се електричен часовник, камера, апарат, диктафон, апаратчиња за слушање, пејсмејкер итн.

2. Уредите кои имаат функција на размена на податоци или мрежни услуги (паметен телефон, таблет, видео плеер итн) може исто така да се користат, но ако се ставени во „flight mode“ односно режим на летање.  

3. Режимот на летање може да го исклучите дури неколку минути по слетувањето или откако тоа ќе го каже некој од персоналот. За време на полетување, спуштање, слетување и забавено движење на авионот, не е дозволено да го исклучувате режимот на летање.

Сепак, правилата може да варираат во зависност од авиокомпанијата и не се исти за сите, па најдобро е да се информирате секојпат за компанијата со која летате.

Напомена

Неколку уклучени телефони не може да наштетат во навигацијата и мрежата на авионот. Но ако сите, на пример 300 патници активно ги користат електричните уреди во нормален режим, тогаш дефинитивно ќе има вмешување и пречки во конекцијата со контролата.

Затоа, да ја почитуваме работата на пилотите и останатиот персонал и да не создаваме непотребни тешкотии. Префрлувањето на режим на летање одзема само неколку секунди.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg