Дали е безбедно да го оставате телефонот да се полни цела ноќ?

Со години се веруваше дека ако го полните телефонот цела ноќ или ако го оставате телефонот на полнач и откако ќе се наполни, батеријата се оштетува.

dali-e-bezbedno-da-go-ostavate-telefonot-da-se-polni-cela-nokj-01.jpg

Но, тоа важеше порано, кога технологијата не беше толку унапредена. Денес, паметните телефони имаат и паметна батерија, па последните истражувања покажаа дека полнењето преку ноќ не прави штета.

Кај секој смартфон постои таканаречен број на циклуси кој го означува бројот на полнења до крај кој еден смартфон ги има сè додека батеријата не почне да се расипува. На пример, ако ја празните батеријата до половина, а потоа ја полните до половина, тоа претставува половина циклус.

dali-e-bezbedno-da-go-ostavate-telefonot-da-se-polni-cela-nokj-03.png

Вообичаено, смартфоните имаат 400 циклуси на полнење, што овозможува батеријата да трае најмалку година и пол, а понекогаш и подолго.

Модерните телефони имаат вграден чип кој спречува примање на струја во батеријата повеќе отколку што им е потребно, па оставањето на телефонот на полнач во текот на ноќта нема да направи штета.  

Сепак, ако го практикувате ова, треба да знаете дека температурата влијае врз капацитетот и долготрајноста на батеријата. Батериите направени на база на литиум се оштетуваат од висока температура, но ова не се однесува само на полнењето, туку и општо.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg