Зошто интернетот на телефонот се троши брзо?

Инсталираните апликации на мобилните телефони и ажурирањето кои тие го прават, постојано го трошат мобилниот интернет и кога не ги користиме. Секојдневните новитети на апликациите како Facebook, Instagram, Snapchat имаат потреба од зголемен волумен на интернет.

zoshto-internetot-na-telefonot-se-troshi-brzo-001.jpg

Видеата на You Tube се во HD резолуција, видеата кои се поставени на Facebook автоматски се вклучуваат без да се притисне “Play”, а опцијата Story на Instagram од еден преглед може да потроши дури 30MB, во зависност од резолуцијата и големината.

Сè што треба да направите за да проверите кои апликации ви трошат најмногу интернет, е да ја одберете опцијата “Data usage” на вашиот телефон.

За да добиете претстава колку MB се троши при гледање видео, за вас ја подготвивме следната табела:

zoshto-internetot-na-telefonot-se-troshi-brzo-2.jpg

Посебно внимание треба да обратите кога користите WiFi конекција со слаб сигнал. Често пати се случува интернет сообраќајот да ве префрли на mobile data, така што во овој случај ќе ви биде наплатено соодветно на вашиот тарифен модел или интернет пакетот што го имате активирано.

Затоа е добро при користење на WiFi, секогаш да ја имате исклучено опцијата mobile data на вашиот телефон. Иако изгледа доста напорно секој пат да се исклучува опцијата mobile data, сепак,  со ова ќе имате поголема контрола во трошењето на интернет.

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg