TeachHoot - прва македонска платформа за онлајн приватни часови во виртуелна средина

Дали некогаш временските услови, загаденоста, сообраќајниот метеж, далечината и зафатениот распоред ве спречиле во исполнувањето на образовните цели?

teachhoot-prva-makedonska-platforma-za-online-privatni-casovi-vo-virtuelna-sredina-01.png

Денешниот брз начин на живот, често претставува екстра тешкотија врз родителите, кога ги развозуваат децата на курсот по англиски јазик или пак на приватниот час по математика.

Студентите од друга страна, се сакаат да прават во последен момент и обично  не сакаат да се придржуваат на ригидни распореди.

Времето или недостатокот на истото, денес стана еден од најважните ресурси во животот на еден човек.

TeachHoot.com, првата македонска платформа за онлајн приватни часови во виртуелна средина, го решава овој проблем. Со помош на TeachHoot.com сега можете да учите од удобноста и безбедноста на својот дом.

teachhoot-prva-makedonska-platforma-za-online-privatni-casovi-vo-virtuelna-sredina-02.jpg

Оваа онлајн платформа за приватни часови ја елиминира потребата од губење време по патишта и сообраќај, ви заштедува на транспортни трошоци и ви овозможува да учите од кое било место, каде што има пристап до интернет, со квалитетен тутор.

Целиот процес на закажување на приватен час е едноставен. Се што треба да направите е најпрво да се регистрирате, потоа да се најавите на својот профил, да го одберете саканиот тутор и да закажете час преку систем на пораки, во време кое највеќе ви одговара.

Часот се одржува во виртуелна онлајн училница. Каде со помош на најразновидни интерактивни алатки, се пренесува знаењето од туторот до ученикот.

Доколку не сакате да закажете цел приватен час, а ви е потребно еднократно брзо решение на одреден образовен проблем, може да ја искористите втората функционалност, објава на проблеми.

Со оваа функционалност едноставно објавувате специфичен образовен проблем (на пример: задача по математика, помош во изработка на семинарска, пишување на есеј, проблеми во кодирањето итн.) и поставувате време колку да трае објавата.

Објавениот проблем се праќа до туторите во соодветно избраната образовна категорија.

Туторите потоа ви праќаат понуди за решавање на тој проблем. Од сите добиени понуди за решение, ја избирате онаа која највеќе одговара на вашите потреби.

teachhoot-prva-makedonska-platforma-za-online-privatni-casovi-vo-virtuelna-sredina-03.png

Онлајн платформата има голем избор на образовни категории, од класичните приватни часови по математика, физика, англиски јазик па се до нови интересни категории како: програмски јазици, креативно пишување, софтверски апликации, кинески јазик и др.

Цените на часовите се индивидуално поставени од туторите. Со помош на нашите паметни филтри, можете да го изберете оној тутор кој највеќе одговара на вашиот буџет.

Големата флексибилност на самиот систем овозможува, на брз и едноставен начин да стигнете до посакуваното знаење.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg