Новите слушалки на Google функционираат како личен преведувач

Гугл лансираше нов пар безжични слушалки коишто во себе ја имаат вградено опцијата на Гугл за преведување со звук, што значи дека можат да преведуваат 40 јазици симултано.

Novite-slusalki-na-Google-funkcioniraat-kako-licen-preveduvac-01.jpg

Безжичните Пиксел слушалки беа прикажани минатата недела на презентацијата на Гугл за нивниот најнов хардвер и се првите слушалки коишто Гугл ги има произведено.

Опремени со Гугл асистент опцијата, слушалките коишто се ставаат во увото нудат опција да ви преведуваат симултано, да испраќаат текст којшто го диктирате или да ви даваат упатства за правец на движење.

Опцијата за превод се активира така што се притиска копче на десната слушалка и му се дава наредба на Гугл асистентот да Ви помогне да зборувате на јазикот на којшто сакате.

Novite-slusalki-na-Google-funkcioniraat-kako-licen-preveduvac (3).jpg

Тогаш, како што вие зборувате, така Пиксел паметниот телефон со којшто се поврзани слушалките, преведува и го пушта преводот на звучникот од паметниот телефон. Потоа, кога „смартфонот“ го слуша одговорот на соговорникот, на слушалките ви го пушта преводот.

На главниот настан на презентација на хардверот, продукт менаџерот на Гугл ги опиша слушалките како „личен преведувач“.

„Со Пиксел слушалките можам да користам симултано преведување од Гугл Транслејт и да имам нормален разговор на преку 40 јазици. Тие ви дозволуваат да се поврзете со светот околу вас на поприроден начин со тоа што повторно го измисливме начинот на којшто слушалките треба да работат.“

Novite-slusalki-na-Google-funkcioniraat-kako-licen-preveduvac (1).jpg

Преводот е само една од паметните опции коишто ги нудат Пиксел слушалките. Тие исто така можат да одговараат на телефонски повици, да ја наместат јачината на звукот, да пуштат или паузираат музика, да пуштат и да ви читаат смс пораки и да ви даваат упатства за правец на движење – сето тоа без да морате да го допрете телефонот на којшто се приклучени.

Гугл се потрудил да ги направи слушалките колку што е можно попријатни за носење, па затоа двете се прикачени на фабрички конец којшто седи закачен на слушалките и ги осигурува додека ги носите.

Novite-slusalki-na-Google-funkcioniraat-kako-licen-preveduvac (2).jpg

Кога се целосно наполнети можат да ви пружаат 5 часа слушање без престан. Но тие доаѓаат заедно со кутија која ја собира во џеб и истовремено може да служи и како преносен полнач, а со тоа и непрекинато слушање до 24 часа.

Novite-slusalki-na-Google-funkcioniraat-kako-licen-preveduvac (4).jpg

Се очекува слушалките заедно со новиот Пиксел телефон којшто беше презентиран на истиот настан минатата недела, да бидат пуштени во продажба во ноември.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
И Македонците си отвораат профили на „Threads“ – Каква е новата апликација на Марк Закерберг? Денес, 6-ти јули, беше лансирана новата апликација на Meta – Threads. Станува зб...
Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg