Враќање на „Чибичанот“: Иконската играчка од 90-тите повторно на пазарот


Враќање на „Чибичанот“: Иконската играчка од 90-тите повторно на пазарот

Пред „Pokemon Go“, „Farmville“ и фиџет спинерите ова им беше главна забава на децата.

vrakjanje-na-chipichanot-ikonskata-igrachka-od-90-tite-povtorno-na-pazarot-01.jpg

Духот на '90-тите години на минатиот век е оживеан, откако миленичето „Tamagotchi“, кај нас познато како „Чибичан“, креирано во Јапонија е релансирано.

vrakjanje-na-chipichanot-ikonskata-igrachka-od-90-tite-povtorno-na-pazarot-03.jpg

Ако сте дете од 90-тите тогаш сигурно барем во дел од детството тој ви беше најдобриот пријател.

vrakjanje-na-chipichanot-ikonskata-igrachka-od-90-tite-povtorno-na-pazarot-02.jpg

Го храневте, го забавувате со игри, го бањавте и го заспивавте. Само помислата на него сигурно ви буди носталгија.

vrakjanje-na-chipichanot-ikonskata-igrachka-od-90-tite-povtorno-na-pazarot-06.jpg

Овој ноември е лансирана нова серија од оваа ретро играчка. Дизајнот е малку модифициран, па играчката е за 20 процени помала од моделот од 1997 година, но поентата на играта е непроменета – да го сакаш и да се грижиш за своето виртуелно милениче.

Како и во 90-тите, така и сега, по излегувањето од јајцето може да добиете едно од шесте видови животинчиња.

vrakjanje-na-chipichanot-ikonskata-igrachka-od-90-tite-povtorno-na-pazarot-04.jpg

vrakjanje-na-chipichanot-ikonskata-igrachka-od-90-tite-povtorno-na-pazarot-05.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Светот сè уште лудува по нив: 6 помалку познати факти за фиџет спинери... Ова е најголемиот, најбрзодвижечки тренд во историјата на играчките и не со...
Едноставни трикови за вашиот смартфон кои треба да ги знаете iPhone 8 и новиот Samsung Galaxy се веќе овде, но сите ние веќе го имаме нашиот ...
Технологијата како што ја паметат само „децата“ постари од 21 година Се сеќавате кога немавме можности со брз интернет да извадиме торенти и така да ...