Како котира Тијана Дапчевиќ на листата на ТЛЗП по најновиот настап? (видео)

Тијана, Беби Дол и Бане Видаковиќ имаа одличен настап при кој го исцедија и последниот атом енергија од себе на сцената на ТЛЗП.

kako-kotira-tijana-dapchevikj-na-listata-na-tlzp-po-najnoviot-nastap-video-01.jpg

Во најновото издание од музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“ Тијана Дапчевиќ на сцената се појави со Беби Дол и Бане Видаковиќ и направија експлозија од енергија.

Тијана и Лека беа во улогата на момците од хип хоп бендот Run-DMC, a Беби Дол во улогата на вокалистот на бендот Аеросмит, Стивен Тајлер.

Докажаната Тијана и овојпат доби низа пофалби и со 37 поени од жирито и останатите учесници и се најде на второто место на листата, веднаш по Гага Мичаловиќ, која по втор пат победи во оваа сезона на ТЛЗП.

Гага одлично го одглуми пејачот Љубиша Стојановиќ – Луис, кој почина во 2011 година, но останува ненадминат и запомнет по неговиот неверојатен вокал.

View this post on Instagram

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic)

И на вкупната табела по вчерашниот настап, со вкупно 254 освоени поени досега, Тијана Дапчевиќ се најде на второто место.

На врвот од табелата е пејачката Едита Арадиновиќ, која сите ја оценија како неверојатно изненадување во ова шоу.

Погледнете го настапот на Тијана, Беби Дол и Бане:

https://www.youtube.com/watch?v=Hp9Az6JggvI

С. С. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg