Уредник во CRNOBELO.com

Во потрага сме по нов член на нашиот тим

urednik-001.jpg

Доколку се сметаш за креативна личност, нè следиш редовно и ги читаш нашите содржини, сметаш дека можеш да придонесеш за развој на порталот од содржински аспект – ја очекуваме твојата апликација!

Кои квалификации ни се потребни:

1. Завршено ВСС (новинарство, филолошки и други сродни факултети се предност)
2. Способност за пишување и уредување на квалитетни текстови
3. Беспрекорно познавање на македонски јазик, граматика и правопис
4. Одлично познавање на англиски јазик
5. Одлично познавање на српски јазик
6. Познавање на MS Office
7. Познавање и користење на социјалните медиуми како маркетинг алатка
8. Работно искуство поврзано со работното место ќе се смета за предност.
9. Искуство со Joomla ќе се смета за предност
10. Посветеност и одговорност кон обврските.

*Најважна е желбата за сопствен развој во оваа област!

Работни обврски:

  • Креирање и уредување содржини за CRNOBELO.com
  • Постојано следење на светските трендови на сродните онлајн медиуми
  • Креирање на содржини за клиентите на Црнобело Медиа за социјални медиуми
  • Позицијата е за полно работно време од 8-16 часот во нашите канцеларии во Скопје


Доколку сакаш да бидеш дел од тимот на CRNOBELO.com, испрати ни го твоето CV и мотивационо писмо на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 20.10.2019.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg