|
Редоследот на земјите кои ќе настапуваат на претстојната Евровизија во Баку, Азербејџан е познат. Македонија на 24 мај во втората полуфинална вечер...
...ќе ја претставува Калиопи.
Годинава можеби имаме среќа затоа што сите земји од поранешна Југославија (освен Црна Гора) настапуваат во истата вечер со нас.
Србија ја отвора втората вечер, па следат Холандија, Португалија, Македонија, Малта, Украина, Ерменија, Бугарија, Шведска, Грузија, Словенија, Естонија, Турција, Словачка, Хрватска, Норвешка, Литванија и Босна и Херцеговина.

Во првото полуфинале на 22 мај настапуваат: Црна Гора, Исланд, Романија, Албанија, Белгија, Летонија, Швајцарија, Финска, Грција, Молдавија, Кипар, Австрија, Данска, Сан Марино, Израел, Ирска и Унгарија.
Големото финале е закажано за 26 мај.
Што мислите, какви ни се шансите?
 |