Дани, Тони Зен, Бобо и Маракуја со порака до секој тинејџер „Ова е твое време“

Проектот е иницијатива на УНФПА, со локална подршка на Y-peer мрежата. Ова е нешто што се подготвуваше веќе подолго време, проект кој започнува со снимање на песната и видеото.

dani-toni-zen-bobo-i-marakuja-so-poraka-do-sekoj-tinejdzer-ova-e-tvoe-vreme-01

Песната е регионална соработка иницирана од Дани Димитровска, која ги спои Тони Зен, Бобо и Марко Маракуја, а спотот кој е изработен од  Meлeм – видео и филм продукција ги опишува вредностите на една вистинска тинејџерска љубов,  убавините на животот, како и приказните кои сите сами си ги креираме врз база на нашите одлуки.

Скопје (30.10.2013) „Пишуваш своја приказна“ е регионален проект кој е иницијатива на УНФПА и е наменет за подигнување свест на раната тинејџерска бременост во земјите од Југоисточна Европа.  

Проектот го доби својот старт преку промоцијата која се случи денеска во Everyday бар, каде и официјално беше претставено видеото за песната „Ова е твое време“, на македонските новинари и јавноста, а веќе од вечерва и ќе се емитува на регионалните музички тв канали како и во сите медиуми кај нашиот северен сосед.

dani-toni-zen-bobo-i-marakuja-so-poraka-do-sekoj-tinejdzer-ova-e-tvoe-vreme-02

Дани Димитровска и Тони Зен од Македонија, Бобо од Бугарија и Марко Маракуја од Србија се артистите кои смело работеа на проектот наменет за тинјеџерската популација и при тоа, со она што најдобро го знаат успеаа да креираат порака која ја пренесоа преку песната и видеото кое е во режија на Огнен Шапковски.

Видеото се снимаше на неколку локации во Србија, Бугарија и Македонија, вклучувајќи ги Велешко езеро, СУГС Георги Димитров и некои урбани локации во нашиот главен град.

Што се однесува до музичката соработка, Дани Димитровска, која веќе 7 години е регионален амбасадор на Y-Peer мрежата, ја носи одговорноста за целиов проект. Во комуникација со Весна Малинова (долгогодишниот музички продуцент на Дани), се создаде оваа група на луѓе која дели исти ставови кон темава искрено верувајќи во целиот проект. Малинова ја напиша музиката, а заеднички сработија песна која е ненаметлив сублимат на нивниот несебичен придонес за превенција на тинејџерска бременост.

dani-toni-zen-bobo-i-marakuja-so-poraka-do-sekoj-tinejdzer-ova-e-tvoe-vreme-03

„Темата е навистина комплексна и е посветена на младите тинејџерите. Во светот повеќе од 7 милиони девојки стануваат мајки пред да наполнат 18 години. А 2 милиони од нив се помлади од 14 години. Тоа е податокот кој мораме да го промениме и да им дозволиме на тинејџерите да ја пишуваат сами својата приказнa.Ова е Твое Време“ е наш заеднички апел, наша конструктивна борба која секого го засега. Времето е заедничко за сите нас. Ова време сега и тука е единственото нешто што реално постои. Ако се искористи паметно ќе продолжиме да уживаме во времето кое допрва треба да дојде, ја моделираме сопствената иднина”- изјави Дани.

Пеејќи песна која носи многу вредна и искрена порака, посветена на превенција од тинејџерска бременост, а со пренесување на  симболиката на патот на сопствениот живот кој сите ние сами го моделираме, Дани, Тони, Бобо и Марко даваат директна подршка на младите во нивното образование, во нивното донесување на одлуки и градење на здрави поколенија, подршка со која ги потсетуваат на нивниот бескраен потенцијал кој го поседуваат.

dani-toni-zen-bobo-i-marakuja-so-poraka-do-sekoj-tinejdzer-ova-e-tvoe-vreme-04

„Среќен сум што имав можност повторно да се најдам во соработка со моите пријатели и да направам една ваква соработка за проект кој директно влијае врз општеството. Ова е само почетокот од нас. Уште повеќе сум среќен, што ние како артисти покажавме дека јазикот не преставува бариера за да се постигне една заедничка цел“ – вели Тони Зен кој веќе има соработувано со Марко и Бобо.

Песната и видеото за „Ова е твое време“  се само почеток на проектот и имаат за цел да допрат до целата тинејџерска јавност. Преку интересна урбана порака, групата артисти со различни стилски музички изразувања, направија фузија на супер звуци преточени во вистински хит.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Еднаш некој ми рече: „Се надевам дека ќе доживеете сите соништа да ви се остварат.“ Одговорив: „Се надевам дека нема, зошто ако живеам и ми се исполнат сите соништа, мртов сум.“ Токму неисполнетите соништа нè одржуваат во живот.
Роберт Шулер