Grouper.mk традиционално со голема забава го прослави третиот роденден

grouper-mk-tradicionalno-so-golema-zabava-go-proslavi-tretiot-rodenden

Со повеќе од 1000 гости во целосно брендиран простор со доминација на зелената боја во City Hall, најдобриот сајт за е-трговија во Македонија - Grouper, го прослави својот трети роденден. По тој повод традиционално на корисниците им беа доделени повеќе од 333 вредни подароци, во знакот на бројот 3.

Само во 2013-та година Grouper.mk услужи околу 60.000 корисници кои купија над 185.000 купони од над 950 компании, од вкупно 2.195 зделки, или 93 отсто повеќе од претходната година. Подетално за статистиката и продажбите може да погледнете на следното видео.

Вистинска ѕвезда на вечерта беше маскотата на Grouper, која беше промовирана за прв пат. Ги пречекуваше гостите, танцуваше, пушташе музика и ги забавуваше присутните. Задоволството на гостите беше споделено и на социјалните мрежи под хаштагот #groupermk кој ги обедини корисниците како online така и offline.

За време на доделувањето на дополнителните подароци на сцената, како изненадување од група корисници беше пуштен најкреативниот роденденски подарок “Grouper Зависници”.

За време на прославата покрај многуте содржини кои одеа на видео бимот гостите имаа прилика да го запознаат тимот кој стои зад Grouper претставен на еден поинаков и хумористичен начин.

Покрај прославата која беше наменета за сите, нов проект на Grouper кој беше лансиран месецов наменет за сопствениците на компании е "Зајакнете го Вашиот бизнис со Grouper.mk". Задоволните бизнис партнери од категориите храна, пијалок, здравје, убавина и патувања го споделуваат искуството од соработката.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Животот треба да се збогати со голем број пријателства. Да се сака и да се биде сакан е најголемата среќа на постоењето.
Сидни Смит (1771-1845)