Конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од Скопје

Град Скопје објави Конкурс за избор на најдобра фотографија со мотиви од Скопје врз основа на Програмата за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во градот Скопје за 2014 година.

konkurs-za-izbor-na-najdobra-fotografija-so-motivi-od-skopje-01

Се повикуваат сите учесници - професионалци, аматери и деца, на Конкурсот да поднесат свои фотографии, согласно утврдените критериуми, кои ги содржат следниве точки:

1. Мотивите на фотографиите да бидат од Скопје.

2. Да се достават фотографии со различни мотиви од Скопје, по избор на доставувачот на фотографиите.

3. По желба на доставувачот, може да се доставуваат и дневни и ноќни фотографии.

4. Доставените, односно пријавените фотографии да бидат во дигитален jpg или друг формат, со висока резолуција.

5. Изборот на фотографиите ќе го изврши специјална Комисија формирана од Град Скопје, според критериумите утврдени во Конкурсот.

6. Фотографиите не треба да бидат постари од 5 години.

7. Град Скопје го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи наградените фотографии во некомерцијални цели.

8. Град Скопје ќе организира изложба за наградените фотографии во еден од своите културни центри.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија и тоа: за прва награда се предвидени 50.000 денари, за втора награда 40.000 денари, а за трета награда 30.000 денари.

Град Скопје ги охрабрува сите професионалци, аматери, деца и оние што го сакаат фотографирањето да учествуваат со фотографии од своите приватни колекции.

Ќе се оценуваат фотографии снимени во која било од општините кои се на територијата на градот Скопје.

Ќе се оценуваат фотографии снимени во кој било временски период на едно деноноќие и фотографии снимени во која било сезона во годината.

Конкурсот трае до 31.05.2014 год.

Преземено од Порта3

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Секогаш треба да си го одржуваш ветувањето. Сите препреки во животот се јавуваат само заради тоа што некој не го одржал ветувањето.
Шивананда