|
Бидете хумани, помогнете му на Андреј. Во прилог писмото од неговите родители: Животот во некогаш нашето среќно семејство, со големи планови за иднината...
...пред 6 години се претвори во пекол. Го изгубивме нашиот постар син, кој почина на 8 годишна возраст од леукемија. Болеста беше побрза и не стигна да замине на трансплантација.
За жал, во нашето семејство болеста повторно се појави. Имено, нашиот син Андреј Ѓорѓиевски е втор случај на заболување од истата болест со дијагноза: акутна лимфобластна леукемија, кој моментално се лекува на детската клиника Charite – Virchov во Берлин / Германија.
За ова лекување веќе се уплатени 140.000 евра, но за потполно излекување на Андреј е неопходна трансплантација на коскена срцевина. За овој зафат потребни се финансиски средства од преку 200.000 евра, кои моето семејство не може целосно да ги покрие од сопствени извори. Најголемиот дел од досега уплатените средства беа покриени од страна на Фондот за здравствено осигурување на РМ и се надеваме и очекуваме повторно, поголемиот дел од средствата да бидат рефундирани од страна на Фондот, но и покрај ова, делот кој е потребно да падне на товар на моето семејство е преголем за да можеме ние самите како семејство да го покриеме.
Во вакви околности, во речиси безизлезна ситуација, не ни преостанува ништо друго освен искрено да се надеваме и да се потпреме на помошта на која би ни ја пружиле сите добри и хумани луѓе со донација на одредена сума пари, со што би помогнале во победата на Андреј во неговата најважна животна битка.
Доколку се одлучите за уплата, истото може да го сторите на жиро сметка број 300-0010000221-18 во Комерцијална банка со цел на дознака – Хуманитарна помош за Андреј Ѓорѓиевски.
Девизната сметка е:
BENEFICIARY: Name and Surname: SRECKO GORGIEVSKI Address: Ul. Jani Lukrovski 10-1/50 Skopje Acc. No.: 0230700077131 IBAN: MK07300307000771321 BENEFICIARY’ BANK: Komercijalna Banka AD Skopje Kej Dimitar Vlahov, No. 4, 1000, Skopje, Macedonia BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X
Веруваме дека постојат и луѓе кои сакаат, но не се во можност да одделат поголеми средства за донација. Во таков случај, најмалку што може да направите е да завртите на долунаведените телефонски броеви со што би донирале 100 денари:
- 070/ 143 183 - за корисниците на телефонски броеви од Т-мобиле
- 077/ 143-077 - за корисниците на телефонски броеви од ВИП и
- 075 143 133 - за корисниците на телефонски броеви од ОНЕ
Однапред се заблагодаруваме. Родителите: Хелена и Среќко Ѓорѓиевски
 |