Собирање и трошење на Мој клуб поени на Т-брендот во над 250 продажни места низ Македонија

Од денес, 10 јули, проширена е Мој Клуб – најголемата програма за лојалност на Т-Home и Т-Mobile, во над 250 продажни места низ Македонија. Оваа програма значи дополнителни поволности за корисниците на Т брендот.

sobiranje-i-trosenje-na-moj-klub-poeni-01

Отсега, освен поените собрани преку користење на услугите на Т-Mobile и Т-Home, со секое купување во партнерската мрежа, корисникот ќе може да собира Мој клуб поени, но и да купува со нив во која било од продавниците на партнерите. Партнери на Т брендот се: Тинекс, Космо, Нептун, сите продажни места на Fashion Group, како и туристичката агенција Travel Solution.

Оваа нова поволност сега важи за сите пост пејд и припејд корисници, физички лица и компании, кои имаат Т-Mobile број.

„Направиме суштинска разлика на пазарот. Денес ја проширивме програмата и од компаниска ја направивме национална. Заедно со нашите партнери воведуваме комплетно ново искуство, дополнителни вредности и секојдневно работиме на зачувување и наградување на корисничката доверба. Целта на оваа програма и ваквото обединување на успешни брендови во Македонија е да се овозможи дополнителна придобивка и да се обезбедат задоволни крајни корисници”.  – изјави Жарко Луковски, Главен извршен директор на Т-Mobile Македонија.

Собирањето поени во Мој Клуб е едноставно и брзо и важи за секој тип на плаќање. Поените се собираат при плаќање сметка на каса во која било продавница од партнерската мрежа. Т-Mobile корисникот треба да се јави на бесплатниот број 180, со приближување на телефонот до терминалот да му се евидентираат поените и на крајот да ја земе потврдата со бројот на доделени поени на корисничкото салдо. Корисникот ќе има можност, преку MyT-Mobile, во секој момент да го следи своето салдо со поени и да планира каде сака и може да ги потроши.

sobiranje-i-trosenje-na-moj-klub-poeni-02

Главниот директор на Македонски Телеком АД – Скопје, Тило Куш, додаде дека креирањето на ваквите кориснички поволности е она што го прави Т брендот не само технолошки лидер, но и вистински иноватор на процеси и модели и со тоа го ставаат пред било кој друг конкурент на пазарот. 

Повеќе информации за Мој клуб програмата, како и за собирање и купување со поени во партнерската мрежа може да се најдат на www.t-mobile.com.mk, на бесплатниот телефонскиот број 122 и во продажните места на партнерите.

- Секој T-Mobile корисник може да собира или да плаќа со поени во партнерската мрежа или да нарача подароци, телефони и услуги од Мој Клуб каталогот.

- Програмата за лојалност Мој клуб е проширена со партнерската мрежа на Тинекс, Космо, Нептун, и сите брендови на Fashion Group.

- Најголемата програма за лојалност опфаќа околу 1,5 милиони корисници на T-Mobile  и Т-Home.

sobiranje-i-trosenje-na-moj-klub-poeni-03

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
20 интересни факти за Македонија: Чуваме делови од крстот на кој е распнат Исус, го имаме најстарото... Природните богатства на Македонија ја ставаат на списокот со најмногу планини, н...
Македонија втора година по ред нема да учествува на Евросонг, објавена листата за Малме 2024 Последниот настап на Евровизија за Македонија беше во 2022, кога земјава ја прет...
Само се шегувал со фановите: Ламбе останува во Македонија „Дедо Мраз ме врати назад во Македонија. Ве поздравувам. Македонија е мојата све...
Антониа Гиговска објави први фотки со синот Киан: „Ми докажа за што вреди да живееш“ „Сакавме малку моменти за нас, па решивме денес официјално да ве поздравиме. Вче...
Кристина Димитри по јавните критики на нејзина сметка: „Поминав низ пекол, јас сум и мајка и татко н... „Жените денес не знаат што сакаат. Живеат од парите на мажот, а мислат дека се б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Ниту едно добро дело, без разлика колку мало, никогаш не било залудно.
Езоп (околу 550 г.пр.н.е.)