Џибони: Имам публика со 'рбет и со вкус

Хрватската ѕвезда Џибони е музичар што секогаш ја остава својата душа на сцената без разлика каде настапува. Ветува дека на македонската публика ќе понуди квалитетен концерт, кој ќе се одржи на 16 ноември, во салата „Борис Трајковски“.

dziboni-imam-publika-so-rbet-i-so-vkus-01

Гостинка ќе му биде Стефанија, солистка на Лондонскиот госпел-хор и, како што вели, неговиот брат Влатко Стефановски. Ќе понуди разновидна програма, составена од неговите стари хитови и новите песни од последното издание 20th Century Man, наменето за странскиот пазар.

Вашиот нов албум 20th Century Man го работевте со композиторот Енди Рајт, кој нашата јавност го запозна најмногу преку соработката со македонската легенда Тоше Проески. Kако течеше снимањето?

- Додека снимавме во Лондон, често го спомнувавме Тоше. И Енди и инженерот за звук Гевин Голдберг со голема тага се присетуваа на Тоше. На неговиот неверојатен пејачки талент. Можам да кажам дека тоа се прекрасни луѓе. Имаат добро срце, како што ние велиме.

Изјавивте дека вашата музика е за луѓе што израснале со албуми, лонгплејки и цедеа како формат, преку кои се запознавале со музиката бидејќи и вие сте како нив. Kаков профил на публика очекувате на Вашиот концерт во Скопје?

- Се разбира дека таква публика има и во Македонија. Тоа се мојата сорта луѓе. Тие имаат ’рбет, карактер и свој вкус. Не даваат лесно да се манипулира со нив со скандали и евтини маркетиншки трикови. Тоа се луѓе на кои квалитетот на музиката и на песните им е на прво место. Тие сами откриваат што е за нив добро, а што не, без разлика на топ-листите. Знам дека моите луѓе ги има секаде во светот и се разбира и во Македонија. Во голем број.

Што ќе понудите, какво изненадување нe` очекува?

- Очекувам фантастичен концерт. А се надевам тоа нема да биде изненадување, ха,ха,ха. Се надевам дека и порано имав добри концерти. Се разбира дека екипата што доаѓа со мене е фантастично уиграна. Гостинка ќе ми биде прекрасната пејачка Стефанија, солистка на Лондонскиот госпел-хор (London Gospel Community Choira) и мојот „брат“ Влатко Стефановски.

dziboni-imam-publika-so-rbet-i-so-vkus-02

Kако ги доживувате Вашите настапи? Дали сте самокритични?

- Се разбира. Секогаш сум самокритичен. Нема да напредував да не бев свесен за своите слаби страни, кои требаше да ги поправам. Без разлика на тоа со што се занимавате, со музика, кошарка или готвење, треба да бидете секогаш самокритични.

По што е посебен новиот албум во споредба со претходните изданија „Миракул“ и „Толеранца“?

- На претходните изданија флертував со англискиот јазик, во песните „Опрости“, „Толеранца“, „Миракул“, „Анѓео у теби“. Овој пат целиот материјал го отпеав на англиски јазик. И тоа го сфаќам како судбина. Не само јас, тоа требаше да го направат и другите. Kолку и да се нашите јазици убави и богати, кога ќе стигнеш во Трст, Италија, веќе никој не ги разбира. И тоа е проблем, бидејќи песната не е филм за да може да се титлува. Затоа мораш текстот да го напишеш на еден од светските јазици.

Верувате ли дека ќе се случи чудо и ќе постигнете светска слава?

- Тоа не ми е целта. Посакувам само во неколку европски земји да го проширам кругот на луѓето што размислуваат и чувствуваат слично како мене и мојата публика во регионов. Никогаш не размислував дека морам да бидам славен во Бангкок или во Пјонгјанг. Мислам дека мојата реалност е да имам концерти во Рим, Виена и во Милано. И, се разбира, во Скопје.

Во Вашите песни пеете за жените и љубовта на многу убав и посебен начин. Што се` може да ве инспирира да напишете убави стихови?

- Ех, кога би знаел, би пишувал секој ден. Но, знаете дека не пишувам секој ден. Тоа е работа на инспирација, а не на мудрување.

Kаква е вашата филозофија за љубов и брак?

- Никогаш не губете надеж. Пуштете го срцето да ви одбере партнерка. Kако што вели Балашевиќ во една песна: „То не бира памет, него срце“. Не постои рецепт, но постои надеж дека меѓу седум милијарди луѓе има по три и пол милијарди мажи, а исто толку и жени. Господ направил за секој да има по една сродна душа. Само прашање е дали јасно сме гледале или сме биле доволно пијани кога сме се вљубувале (ха,ха,ха).

dziboni-imam-publika-so-rbet-i-so-vkus-03

Би можело да ве интересира:

Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Наша докторка со впечатлив моден стил (фото) „Прво модно правило ми е – ‘Секогаш средена’. Без разлика дали одам на работа, д...
Ребека ја испеа „Обиди се“, Куку Леле - „Постела рози“ - Кои ѕвезди ни ја разбудија носталгијата од... На концертот ечеа „Ноќна Кралица“, „Спаси ме“, „Фројд е жив“, „По навика“, „Скоп...
Миа Костова славеше Св. Никола - Тамара пееше за мерак на гостите, Тијана највесела од сите „Заради сите вас на масава, јас сум тоа што сум денес. Вие сте мојата сила засек...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
„Жена се сака секој ден“ - Нова доза моќни пораки од Бомбакис, дечкото со написи на картони „Не е сè така розово како што изгледа на Инстаграм“, „Довербата е луксуз во дене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Еден човек со сон е еднаков на деведесет и девет кои само покажуваат интерес!
Непознат автор