|
Building Bridges или “Градење Мостови“ е проект на AIESEC Скопје за мулти-етничка толеранција кој ќе започне со реализација денес (24ти Февруари).
Овој проект е организиран од меѓународната студентска организација AIESEC, која го организира овој проект по петти пат, почнувајќи уште од 2004 година.
Денес во 13 часот ќе се одржи отварање на проектот во ДСГУ “Здравко Цветковски“, а во четврток 25ти во 12:30 часот ќе има отварање на проектот во СУГС “Лазар Танев“. Планирано е уште едно училиште во кое наредната недела ќе се започне со имплементација на проектот, СУГС “Цветан Димов“.

Во овие мултиетнички средни училишта, се опфаќа група на ученици од различни националности кои ќе присуствуваат на работилниците. Со цел да се направи ова искуство практично, учениците ќе создаваат мали проекти на темите на овој проект, кои ќе бидат потоа презентирани пред нивните соученици. Работилниците ќе бидат водени од страна на универзитетски студенти од странство, кои ќе бидат пред тоа припремени од AIESEC во нивната матична земја и од AIESEC Скопје.

Овој проект претставува еден голем мотиватор за младите луѓе во Македонија, кои почнуваат да ги гледаат работите од поширок аспект и со помалку предрасуди. Овој проект им дава на многу млади луѓе можност за изразување, креативно работење и размислување.
За AIESEC
AIESEC како глобална организација водена од студенти верува дека развојот на општествено одговорно однесување кај младите луѓе може да ги зголеми можнстите за градење на грижливо општество и да ја промовира изградбата на мостови помеѓу луѓето од различните етнички групи. Нудејќи им пристап кон нови видици и ставајќи ги во директен контакт студентите со млади луѓе од другите земји, со цел да се зголеми нивната способност за превенција на конфликтите и делување на одговорен начин.

Би можело да ве интересира:
 |
Pozdrav