|
На Годишната изложба на фотографии и дизајн, студентите од Академијата на ИТ Александрија ќе се претстават со дел од трудовите создадени во...
...текот на едногодишните студии по Графички дизајн.
Изложбата ќе биде поставена во Отворено Графичко студио (Музеј на град Скопје) од 15 јули до 22 јули 2010, а отвoрањето ќе биде на 15 јули 2010 во 20:00 часот.
Изложбата е авторски организирана. Секој автор учествува со дела од повеќе категории: корпоративен идентитет, постери, пакување.
Во светот на графичкиот дизајн, вистинските креативни уметници користат основни елементи како на пр. боја, типографија, цртеж и композиција и создаваат пораки што убедуваат, мотивираат или инспирираат.
Без оглед дали станува збор за лого на компанија, име на тим врз спортски дрес или етикета од лименка, графичките дизајнери ги создаваат најпрепознатливите симболи во светот.
Академијата на ИТ Александрија е прва приватна образовна установа специјализирана за едукација во областа на ИТ и применети уметности.
На Академијата на ИТ годинава се нудат следниве студиски области: компјутерски мрежи, графички дизајн и веб дизајн,а студиите се со времетраење од 1 или 2 години.

Би можело да ве интересира:
 |