Баумгартнер успешно скокна од работ на вселената

Австриецот Феликс Баумгартнер влезе во историјата на човештвото откако скокна од работ на вселената.

baumgartner-uspesno-skokna-od-rabot-na-vselenata

Баумгартнер, скокна во 20:06 часот по средно европско време од височина од 39.068 метри, а не како што претходно беше планирано од височина од 36.576 метри.

По само 32 секунди тој го проби звучниот ѕид, а најголемата брзина која ја достигна изнесуваше 1.173 километри на час.

Нешто подоцна Баумгартнер се јави и во базата. По точно четири минути и 19 секунди сам го отвори првиот падобран, а откако успешно ги отвори сите четири падобрани, Баумгартнер во 20:16 часот успешно слета.

Тимот кој работеше заедно со Баумгартнер, на проектот Ред Бул Стратос, броеше 200 луѓе. Австриецот го собори рекордот кој пред 52 години го постави неговиот ментор Џозеф Китинџер.

Главна цел на целиот проект беше да се соберат податоци кои на научниците ќе им овозможат подобрување на условите на вселенските патувања, како и да овозможат евакуација на вселенско летало на голема височина.

Баумгартнер со својот скок од работ на вселената собори низа рекорди, како најголема брзина при слободно паѓање, највисок скок, највисок лет со балот и најдолго слободно паѓање.

15.10.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Вознемирувачки видеа: Патник ја отворил вратата среде лет со авион во Кореја –  има повредени Сите цврсто се држат за седиштата и чекаат конечно авионот да слета... Ова може ...
„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на ја... „Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина...
„Поради ретко нарушување немам коса - цел живот ме малтретираа за изгледот, но денес работам како мо... Поради ретко нарушување, 21-годишната Хана Харпин голем дел од животот била жртв...
Забава за откривање на пол со трагичен крај: Мал авион што пуштал боја се сруши, пилотот загина (вид... Во морничаво видео направено во Мексико се гледа како мал авион надлетува забава...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Мој совет за дваесет и првиот век? Посакувај помалку. Ако посакуваш помалку работи, не ти требаат толку многу пари и тогаш не мораш толку многу да работиш, па имаш време за забава.
Ник од Брајтон