10 работи кои нè вадат од кожа

10-raboti-koi-ne-vadat-od-koza-povekjeПостојат ли работи кои кога некои ги прави ве вадат од кожа? Ви доаѓа да вриснете и да му се развикате да престане? Што е тоа што најмногу не вади...

 

...од такт кај обичните луѓе?

1. Мљацкање. Колку и да не учат од мали, секогаш постојат онакви кои великодушно ќе ви ја покажат храната од усната шуплина. Пљас, шљоп, мљац, хрск, ммм... работава – „јадам и немам што да кријам!“ Уште ако и почне да раскажува нешто на глас, на транспарентноста и дарежливоста и нема крај.

2. Сркање. Сестрински феномен на мљацкањето. Би требало да се направи анализа дали луѓето кои мљацкаат редовно и сркаат, и обратно. Сркањето е пропорционално со годините. После 60-тата имате апсолутно сркање, без разлика дали некогаш сте се однесувале како аристократи или сте се симнале од село.

10-raboti-koi-ne-vadat-od-koza-1

3. Шмркање. Неверојатен феномен во светот преполн со хартиени шамивчиња. Уф па уште ако ве мрзи да го исекнете носот, па кога ќе го повлечете шмркот назад, уште и да го проголтате... убавини! Зошто да трошите хартија ако можете да им шмркате на околните фаци?

4. Зборување во лице. Има луѓе кои што и да ви зборуваат мора да ви го кажат тоа на сантиметар од лицето. За секој случај, да не слушнете нешто погрешно. Луѓето се чудни на толкава близина – им се губи формата, остануваат само бубулици, младежи, нерамнини...Веројатно нема да чуете што сакаат да ви кажат, но со сигурност ќе ги забележите нивните аномалии.

5. Плукање. Што да прави човек кога постојано му се слива плунка во устата, па што и да каже, попатно споделува неколку милиони бацили во вашето лице.?

6. Чкрипи со нокти. Гребење по школска табла ќе ве потсети на ова чувство. Помислата на расцветани, пукнати, премногу отсечени или откорнати нокти исто така.

7. ‘Рчење. Секогаш некој друг рчи, а ние не. Никаков дијалог со некој кој ‘рчи нема да ве однесе предалеку. Нема спас. Нема да ви помогне буцкање, затоа што и тоа е краткотрајно. Привикнете се на звукот.

10-raboti-koi-ne-vadat-od-koza-28. Гребење со лажица, вилушка. Ако мајка ти те научила да не јадеш од тенџере, знаела зошто го прави тоа. Фреквенцијата која ја произведува спојот на лажицата со челикот кој не ‘рѓосува е неверојатна. Од мирните луѓе создава невротични луѓе, а од невротичните – психијатриски случаи. Шала на страна – кој би го трпел ова?

9. Шмукање на забите. Како го лечат кариесот оние кои се плашат да одат на забар?  Го шмукаат со солидна количина децибели. Додека седат во тоалет, гледаат ТВ, возат или се досадуваат, ќе слушнете дали „кратерот“ им е на двојка, тројка или шестка. Ќе ги слушате десетина минути и ќе посакате веднаш да им ги плобирате забите, со голи раце и кило цемент!

10. Крцкање на прстите. Ако сте заборавиле дека сме кревки, кршливи суштества кои еднакво добро функционираат на компјутерот и во нечија чинија, звукот на пукање на прстите со сигурност ќе ве потсети. Но, не заборавајте. Кога ќе остарите ќе ви се тресат рацете!

Би можело да ве интересира:

Фото-докази дека Сингапур е како земја oд друга планета (и навистина кул место за живот) Лулашки во парк за инвалидска количка, капсули за спиење во универзитетски библи...
Страв од жолта боја, страв од донесување одлуки: Необични фобии за кои сигурно не сте знаеле дека по... Иако на повеќето им се има случено да им се налепи путер од кикиритки на горниот...
6 јога вежби кои ќе ви помогнат да заспиете (се прават на кревет) Јогата е одличен начин да се опуштите пред спиење, а уште подобро ако направите ...
Како започна CoComelon, телевизиската серија со заразна музика што ја знае секое дете? Заразна мелодија, зборови кои ги знае секое дете и препознатливата лубеница на т...
Џони Деп бил гостин, организираат погреб на лоши филмови – Што знаеме за „Дрвенград“ во Србија? „Дрвенград“ бил изграден за продукцијата на филмот во режија на Емир Кустурица „...
Навидум обични фотки кои кријат мрачни приказни Сите знаеме за детонирањето на атомските бомби во Хирошима и Нагасаки, но дали с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Светот е тркало кое постојано се врти. Оние што се високо, се спуштаат надолу, а оние кои биле долу се качуваат сé повисоко.
Анзија Језиерска