„Јас сум, драги!“

jas-sum-dragi-povekjeВиртуелната девојка Мина има 22 години, наутро ве буди, навечер ви посакува добра ноќ или ве потсетува дека треба да вечерате. „Јас сум, драги“ се...

 

...зборовите со кои 22-годишната Мина три до четири пати на ден ги разгалува осамените мажи.

jas-sum-dragi

Со нежен глас ги буди наутро, а навечер ги праќа во кревет. Сепак, Мина е виртуелна девојка, апликација на јужнокорејската фирма Nabix за корисниците на iPhone.

„Уште спиеш?“, „Мораш да појадуваш!“ или „Добра ноќ, убаво да спиеш“, им порачува Мина на мажите кои истовремено го гледаат и нејзиниот лик на екранот, а всушност тоа е фотографија од јужнокорејска манекенка која ги снимила и гласовните пораки.

Во бесплатниот период на апликацијата „Јас сум драги“, корисниците ја активирале 80.000 пати на ден, но бројката се намалила откако услугата почнала да се наплаќа.

„Работев до доцна во канцеларијата и Мина ми се јави. Тоа е навистина супер.“ – одушевено коментира еден од корисниците.

Nabix планира да ги прошири пораките на англиски, кинески и јапонски.

Би можело да ве интересира:

Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира) Телефонот се загрева без причина и имате проблеми со перформансот, дури и ако им...
6 одлични бесплатни апликации за уредување фотки на Инстаграм Ако апликацијата за уредување на фотографиите не ви дава доволно добри можн...
Како да го спречите расипувањето на батеријата и да му го продолжите рокот на траење на смартфонот? Не купувајте евтини полначи и не ги игнорирајте надградбите за софтверот – како ...
Постојат 5 вида „зависници“ од мобилни телефони (и интернет) – На која група ѝ припаѓате вие? Дали се чувствувате изгубено ако во моментот паметниот телефон не ви е при рака ...
Како онлајн предаторите можат да ги злоупотребат фотките што ги објавувате од вашите деца? „Онлајн предаторите можат да ги претворат фотографиите од децата во експлицитни ...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
При крајот на животот, успесите не значат веќе многу. Важно е само пријателството.
Пам Браун