Раскинување па смирување

raskinuvanje-pa-smiruvanje-povekjeВо љубовта работите не секогаш одат како подмачкани. Се случуваат раскинувања и разводи, а се случува и повторно да се биде заедно. Во меѓувреме, што додека...

 

...не сте заедно? И тогаш сешто може да се случи, освен ако не се случи некое кривично дело, не треба да имате грижа на совест поради она што во меѓувреме се случило.

На што мислиме?

raskinuvanje-pa-smiruvanje

На пример: сте биле заедно некое време, па сте раскинале. Тој бил оној кој ја прекинал врската и ви рекол дека е готово и дека е најдобро да си најдете друг.

По раскинувањето вие сте имала неколку врски, ништо сериозно, а по некое време се решавате да се смирите со поранешниот и повторно сте заедно.

Постои можност да се појави мала грижа на совест за она што сте го имале во меѓупериодот со други партнери. Но, нема потреба да се замарате со тоа.

Оној момент кога тој раскинал со вас, вие повеќе не сте биле дел од неговиот живот. Тоа што сте биле со други мажи не значи дека сте го измамиле. Нема зошто да чувствувате вина.

Иако можно е да сте биле со други само за да му докажете дека можете без него, што е погрешна причина за да се биде со некого и непочитување за третата личност. Дури и да е така нема потреба од грижа на совест кон бившиот дечко.

Што било, било. Тој ве оставил, а вие сте побарале утеха кај други. Луѓето тоа го прават и не остава никакви трагични последици. Треба да се гледа напред и да се гради врската во која сме, а не да се грижиме за нешто што не било сериозно.

Дали за тоа треба да му кажете? Не е неопходно- тогаш не сте биле заедно, но ако ве праша, треба да му ја кажете вистината.

Секако ако двајцата имате желба да бидете повторно заедно, ќе успеете во тоа само ако сте искрени меѓу себе.

Би можело да ве интересира:

Жена со искрена исповед: „Од каков тип на разведени мажи треба да бегате?“ „До крајот на викендот, јас веќе не бев кандидат за девојка туку за терапевт“ – ...
9 знаци дека партнерот ви е лојален (и може да му верувате) Што е тоа што лојалниот партнер го прави поинаку од другите? Како да препознаете...
Прашувам за пријател: „Го изневерив сопругот и првпат доживеав оргазам, веќе не сакам здодевен секс ... „Малку е веројатно дека некогаш со некого повторно ќе ја почувствувате истата во...
Зошто зголемената желба за секс кај партнерот може да биде знак за неверство, според секс експерт? „Теоријата дека дома воопшто нема да бидете заинтересирани за секс, ако го добив...
Либидо диета: Што да јадете за подобар сексуален живот (според нутриционист)? Еден од најпопуларните начини на исхрана во моментов во Британија е таканаречена...
Една секс поза со која ќе ја излудите секоја жена, според хороскопскиот знак (18+) Жените родени во знакот Лав сакаат да ја покажат својата флексибилност, а на Ско...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Успешни се оние кои паднале многупати, но повторно застанале на нозе.
Пам Браун