10 причини да не се жените

10-pricini-da-ne-se-zenite-povekeБракот е креиран во деновите на контрола од страна власта и големите религиозни табуа. Идејата да се помине целиот живот со некого била прифатлива затоа...

 

...што луѓето живееле само до кај 40 години.

Со ова не сакаме да ја негираме љубовта и заедничкиот живот со личноста која ве прави среќни, туку ова е аргумент против институцијата брак и сите застарени правила кои се поврзани со него.

10-pricini-da-ne-se-zenite1

Бракот ќе ја опушти
Жените добиваат килограми поради раѓањето деца, но според скорешна студија и оние жени кои немаат деца значително ги накачуваат килограмите. Мажите се виновни што исто така се опуштаат откако ќе стапат во брак со што на жената и даваат право да не држи диети.  

Бракот е крај за останатите опции
Различностите го прават животот, како стриптизетата која ви игра во скут и ви го дава нејзиниот телефонски број. Тоа за г-дин Оженет го нема. Врзувањето со една жена ги елиминира сите можности кои сте ги имале, а истовремено ги спречува оние од иднината да се случат. Нема веќе флертување и нема веќе секс за една ноќ. 

Бракот е скап
Фактите и бројките кажуваат дека свадбите излегуваат од контрола кога станува збор за трошоците. Коренот на повеќето проблеми во браковите е поврзан со пари, поради што и не е баш паметно да стапите во брак заглавени до гуша во долгови. Дополнително, морате да објаснувате колку и за што ги трошите парите. А кога бракот е најскап? Кога завршува со развод.

Бракот е лист хартија
Апсолутно е прифатливо да се биде во моногамна врска со некого кого го сакате, но зошто ви е потребен лист хартија за да го потврдите тоа? Ако и двајцата сте среќни за со сегашната ситуација тогаш зошто да го расипувате тоа што го имате?

Бракот е крај на спонтаноста
Брачните парови сакаат да им кажуваат на луѓето дека се сè уште спонтани. Спонтаните луѓе не кажуваат колку се спонтани затоа што се зафатени со живеењето на својот живот. Брачните парови имаат изместена и погрешна слика за тоа што значи спонтаност. Тие можеби имаат спонтана идеја, но после тоа следат месеци планирање пред да се случи тоа.

Бракот е постојан компромис
Животот треба да се живее, да се искуси сè пред да се стапи на лудиот камен. Тешко дека ќе го остварите тоа ако пола од вашето време го правите тоа што она го сака.

Бракот е крај на сексот
Да, сè уште имате секс... од време на време... за празници, родендени, или кога она тоа ќе го посака. Секогаш е истото место, истата досадна позиција и завршува исто секој пат. Сакате да пробате нешто ново? Не вечерва. Никогаш, ако веќе сме искрени. Да, некои жени се спремни да експериментираат, но наскоро и тоа ќе влезе во рутината.

Бракот често пропаѓа
Би го ризикувале животот со фрлање паричка? Имате 50-50 шанса, но дали е доволно добар облогот за да се прифати таа шанса? 50% од браковите завршуваат со развод. Тоа дури им се случува и на луѓе кои се заљубени до уши.

Бракот е крај на прифаќање ризици
Во животот има ризици – некои кои излегуваат добро, некои кои ќе ве треснат од земја. И што правите? Го прифаќате ризикот и почнувате од почеток. Ова е во ред, сè додека сте единствениот кој ќе ги сноси последиците од ова. Не можете да прифатите ваков ризик ако животот, парите, здравјето и иднината на друг човек се во вашите раце.

Бракот е засекогаш
Помислете на личноста со која сте биле пред неколку години, а сега помислите уште неколку години наназад и погледнете колку ви изгледа животот различен од денешна перспектива. Сега, размислете каков ќе ви биде животот 10 години од сега. Веројатно, разликата нема да биде драстична, но ќе имате многу нови вкусови, чувства и желби и ќе бидете на многу поразлично место во животот. Помислете дали сакате тоа да го споделите со некој друг. Засекогаш.

Би можело да ве интересира:

3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+) Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Поне...
Прашувам за пријател: „Чудно ли е што мојот партнер ги држи очите затворени за време на секс“? (18+) Не е проблем ако партнерот ги држи затворени очите при секс, проблем е како тоа ...
Ефектот „Мерилин Монро“ е хит на социјалните мрежи – Како ми помогна во љубовниот живот? „Мерилин ти благодарам, ми помогна“ – вели колумнистката Јана Хокинг која редовн...
„Сопругата ми кажа дека се изнервирала од дијагнозата рак на татко ми. Ме разочара“ „Донесов одлука да се разведам кога сопругата ми кажа колку се изнервирала од ди...
Мажи откриваат: „Работи за сексот и пубертетот што посакувам да ги знаев порано“ „Посакувам да знаев дека порно филмовите поставуваат нереални стандарди за голем...
Која секс поза со сигурност ќе ви го подобри сексуалниот живот, според сексолог? „Оние што ја пробале оваа поза имале многу поголеми шанси да доживеат оргазам и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Големата надеж создава големи луѓе.
Томас Фулер (1608-1661)