Виц на денот: Пензија

vic-na-denot-penzija-povekjeЧовек наполнил точно години за старосна пензија, па отишол во социјално да си побара пензија. Кога дошол на ред и кажал на службеничката на...

 

vic-na-denot-penzija

...шалтерот зошто е дојден и таа му побарала некој документ со кој ќе потврди колку години има.

Се пипка човекот по џебовите и не нашол ниту еден документ па и кажува на госпоѓата дека го заборавил паричникот дома и дека ќе оди да ги земе. Бидејќи било крај на работното време, службеничката му рекла дека нема време да го чека, па затоа да ја соблече кошулата.

Ја соблекол кошулата човекот, и кога службеничката ги видела белите влакна на градите веднаш му ја одобрила пензијата.

Човекот среќен си дошол дома и и’ раскажал на жена си како ја добил пензијата, а жената му рекла:

„Оф море, ако си ги соблекол гаќите може ќе си добиел и инвалидски додаток!“

Би можело да ве интересира:

5 вицеви за брачни двојки што слатко ќе ве насмеат (и ќе ви го подобрат расположението) Во продолжение 5 вицеви што слатко ќе ве насмеат и кои ќе направат да ви тргне д...
Кратки вицеви за брачни парови што слатко ќе ве насмеат Зошто мажот ненадејно завршил во болница? Која е тајноста за долговечноста и доб...
Смешна компилација: Луѓе кои имале многу полош ден од вас Истурено кафе, автомобил заглавен во песок на плажа, скршена рерна… Истурено ...
„Прво верувате, потоа умирате“ – Бесмислени и смешни „инспиративни“ пораки од вештачка интелигенција „Кога ќе умреме, животот ќе биде во ред. Дотогаш, опивајте се“ и „Еден ден, живо...
Смешна фото-компилација: Луѓе на кои неделата сигурно им почнала полошо од вас Како ви почна оваа недела? Ако и вчера и денес сте под стрес и мислите дека имат...
Смешна фото-компилација: Бизарни утки на градежници Ескалатор кој завршува во ѕид и тоалет за инвалидска количка до кој се стигнува ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Вистинското време е кое било време што некој има среќа сеуште да го има... живеј!
Хенри Џејмс (1843-1916)