20 совети против стрес

20-soveti-protiv-stres-povekjeСтресот стана дел од нашиот секојдневен живот и многу е тешко да се избегнат сите стресни ситуации. Сепак, треба да се обидеме стресот што помалку да...

 

...влијае на нашето здравје.

Ова се дваесет совети кои може да помогнат во борба против стресот.

1. Овошје. Во исхраната користете што повеќе овошје и природни сокови без шеќер. Го препорачуваме следново овошје: авокадо, фстаци, бадеми, ореви, портокали, лимони...

2. Зеленчук. Свежиот зеленчук е извор на здравје и помага во борбата против стресот. Го издвојуваме следниот зеленчук: спанаќ, брокула, салати, зелен зеленчук.

3. Препорачана исхрана. Во исхраната треба да се користи лесна храна. Овесните снегулки, лососот, овошјето и зеленчукот, се идеални за да се надмине стресниот период.

20-soveti-protiv-stres-1

4. Непожелна храна и пијалаци. Доколку сте под стрес, уморни, нервозни и раздразливи или очекувате стресни и напорни ситуации- избегнувајте во тоа време „силна храна“. Во непожелна храна спаѓаат газираните пијалаци, вештачките засладувачи, јаки зачини, солени јадења, кафето и алкохолот. Неповолно на стресот делува и јако, мрсно месо, грашок, грав, сос, црвена зелка и мешункаста храна. Ваквата храна намалете ја за време на стресниот период, но нејзините позитивни ефекти на здравјето не треба да се избегнуваат во редовната исхрана.

5. Витамини и минерали. Против стресот поволно делуваат: витамин Ц, витамин Е, витамин Б, магнезиум, фолна киселина.

6. Прошетка. Прошетката од десетина минути до половина час делува позитивно на здравјето, бидејќи така се смируваат нервите, размрдуваат и опуштаат мускулите. Покрај тоа, прошетката поволно влијае на линијата и крвните садови.

7. Хоби. Тоа може многу да придонесе за подобрување на нашето здравје, за жените вез или плетење, за мажите вкрстени зборови или судоку, или пак читање добра книга.

8. Работа во градина и на тераса. Секои два – три дена или барем еднаш неделно одвојте време да го средите цвеќето на терасата или во градината. Оваа работа смирува и опушта.

9. Одмор. Многу е важно да водите сметка за одморот. Од секојдневните обврски и активности често пати забораваме дека треба да одвоиме време за дневен, неделен и годишен одмор.

10. Дневен одмор. Паузите и редовното ноќно спиење преставуваат биолошка потреба, без разлика и важност на нашите обврски. Тука може да помогне седењето (барем десетина минути дневно) на тераса или во двор, по можност со тивка музика. Кој има можности, препорачуваме десетина минути седење во парк или покрај река.

11. Неделен одмор. Тој е многу важен, иако многу често во недела имаме обврски кои треба да ги завршиме. Важно е да се организираме во текот на викендот да се собере семејството барем на кратко време.

12. Годишен одмор. Во траење на десет до петнаесет дена, поволно делува на организмот, како да сме ги „напониле батериите“ за нови активности. Најдобро е , секако доколку имате можности, да имате два одмори од по 7-10 дена и тоа еден во зима а другиот во лето.

20-soveti-protiv-stres-2

13. Цигари. Тие само привидно го намалуваат стресот, а всушност само ја зголемуваат раздразливоста и неповолното влијание на стресот и нашето здравје.

14. Седативи и дрога. Седативите поволно делуваат само во екстремни стресни ситуации, но треба да се земаат само под строга контрола на лекар. Долготрајното самоиницијативно земање може да создаде зависност и неповолно да влијае на здравјето. Тој негативен ефект е ист и кога се во прашање наркотиците.

15. Чај. Ритуалот, пиење чај, смирува. Особено е корисно ако против стресот се користи соодветен чај: од ѓумбир, нане, камилица, липа...

16. Јога. Со јога вежбите можат сите успешно да се борат и против дебелината и против стресот, но и против многу болести.

20-soveti-protiv-stres-3

17. Цвеќе. Цвеќето во непосредна близина го ублажува стресот, па затоа е добро да се имаат мали оази со цвеќе во собата, на тераса, на прозорот или во канцеларија.

18. Организација на времето и просторот. Организирајте се така што ќе ги распоредите задолженијата на начин кој нема да ви предизвика стрес. Станувајте на време, за да не брзате и да се нервирате затоа што доцните. Уредете ја работната маса или работната површина во кујната пред да почнете со работа.

19. Осветлување. Потрудете се работниот простор да ви биде убаво осветлен, а не мрачен. Најдобро е работните и дневните простории да ви бидат осветлени со дневна светлина, а доколку нема доволно дневно светло, светилките можат да помогнат.

20. Итно и важно. Научете на некои луѓе да им речете „не“. Испланирајте што ви е важно, а што може да се одложи за друг ден.

Би можело да ве интересира:

Зошто докторите најчесто препорачуваат терапии со инхалација + корисни работи што треба да ги знаете Во минатото, за инхалирање се користеше тенџере со топла вода, а понекогаш внатр...
Чести симптоми на АДХД – Како да познаете дали вашето дете го има нарушувањето? Проблеми со концентрацијата, но и таканаречен хиперфокус – кои се најчестите зна...
Сѐ за миомите на матката - Mоже ли да се претворат во карцином и дали влијаат врз бременоста? Миомите може да ја зголемат матката и до 10 пати, а во исто време може да имате ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Добивам панични напади во гужва и затворен простор – супермаркети... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/ терапевт. На пр...
Како се пренесува, кои се симптомите и дали има лек? Сè што треба да знаете за сифилис Сифилисот е честа сексуално пренослива болест која може да се излечи со кратка т...
6 причини за утринска мачнина кои не се бременост Ниското ниво на шеќер во крвта, но и анксиозноста можат да предизвикаат утринска...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Фрли го своето срце пред себе и трчај напред да го фатиш.
Арапска поговорка