Ден на социјални медиуми

den-na-socijalni-mediumi-povekjeНа 18 февруари (петок) во хотелот Александар Палас ќе можете да го слушнете еден од најдобрите предавачи на светските елитни маркетинг конференции...

 

...и автор на бестселерот „The conversation manager”,  Стивен Ван Белегем, кој ќе пренесе стратешки маркетинг одлуки како да се задоволат онлајн маркетинг потребите, како да таргетирате консументи во новиот дигитален свет и новите бренд предизвици и трендови кои допрва доаѓаат.

den-na-socijalni-mediumi-1

Маркетинг стратегиите на Ван Белегем ги користат многу успешни светски компании како што се Nestle, Goodyear, 3М Belgium, Picanol, Siemens, Pfizer.

Овие стратегии се наменети за оние кои секојдневно се соочуваат со предизвиците на маркетингот и новите социјални медиуми, а пред се со моќта на модерниот потрошувач.

Настанот „Ден на социјалните медиуми“ ќе започне во 10 часот и по отворањето на конференцијата, водечкиот интернет провајдер Httpool ќе презентира Преглед на интернет пазарот во Македонија, за да се претстави моменталната состојба на пазарот.

Специјалниот гостин, Ван Белегем ќе зборува за замената на традиционалните трендови за рекламирање во социјални медиуми, а потоа вниманието ќе го сврти кон вистинската маркетинг конверзација.

den-na-socijalni-mediumi-2„Денот на социјалните медиуми“ ќе биде исполнет и со Facebook и Twitter работилница за бизнис употреба, како и со панел дискусија на тема „Димензијата на социјалните медиуми” на која на Ван Белегем ќе му се придружат релевантни членови на македонската бизнис заедница. 

За повеќе информации посетета ја официјалната веб странa: www.socialmediaday.info каде може да се информирате за сите детали и да ја искорисите можноста да се пријавите за учество по специјална цена до 7-ми Февруари.

Би можело да ве интересира:

Пејачката Александра Јанева кажа ДА пред Ајфеловата кула во Париз: „Нашето време за љубење“ „Сакам кога се смееме заедно и кога ми пееш раштимани тонови, ама чисти од душа....
„Таа е меѓу државите со најмногу планини на светот“ – Не, не е Швајцарија, Македонија е (видео) „Ова е држава со најмногу планини на светот. Можеби си помисливте на Швајцарија?...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...
Цеце Николова: „Пред една година излегов од дома без перика и повеќе не ја ставив - сега дури и коса... „Пред точно една година првпат излегов од дома без перика. И повеќе никогаш не ј...
Ивана (32) од Прилеп: „Ми дијагностицираа Хочкинов лимфом, ќе се борам со двете мали деца во раце - ... „Споделувам со вас една недела по операцијата, само затоа што баш тие што сподел...
Слаткар и Сања славеа роденден на синот, Елена Најдоски на викенд со сопругот: Што прават македонски... Емра Куртишова откри дека на ќерката Лена ѝ се појавило прво запче, Сања и Слатк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Тие што се свртени кон тоа што е всушност пред нив, не оптоварени со минатото, незагрижени за иднината, тие се луѓето кои живеат и најдобро го користат животот.
Албан Гудиер