Kонцерт на Суперхикс (инфо)

se-blizi-koncertot-na-superhiks-povekjeЗагребскиот рап бенд Connect е потписник на ремиксот на Африка, песна која пред само месец и половина ја имаше својата промоција на MTV.

 

Популарниот хрватски состав Конект, сопственик на големите хитови Небо, Јеебена и Бриге угасим пјесмом, веднаш изрази желба да учествува во ремиксот. Песната конечно ја објавуваме на само две недели пред големиот интимен концерт на Суперхикс во Колосеум.

Ремиксот на Африка е достапен за бесплатно превземање овде http://soundcloud.com/passwordproduction/superhiks-feat-connect-afrika

Потсетуваме... Пред точно 17 години, тогаш младиот и амбициозен ска-панк-реге-латин-балкан бенд ја започна својата (невозможна) мисија, да стане дел од Третиот Бран на современиот ска звук. Токму тие 17 години се причината поради која Суперхикс ќе се претстават со интимен концерт за своите верни фанови. Местото на настанот е клубот Колосеум, датата е 3. март 2011, а часот 21:00.

За да го оправдаат епитетот на еден од најоригиналните бендови на сцената, Суперхикс подготвуваат бест оф издание на концертниот материјал, како и песни од новиот албум кои за првпат ќе имате можност да ги слушнете и почувствувате токму во Колосеум.

На еснафското друштво Суперхикс на бината ќе им се придужат: едниот и единствен Раде Рогожаров, оригиналниот Neletronic Guru, како и стариот пријател DJ Славе.

Перформасите на концерот предвидуваат и специјално светлосно и видео шоу, додека костимографијата, исто така изненадувачка, од наследството на 30тите години. Подгответе се за впечатлив настап. Новиот спот на Суперхикс Африка е само дел од “лудилото” кое ве очекува.

Скопскиот мартовски концерт е во функција и на планираното DVD издание на Суперхикс наредната година, како и стариот долг кон публиката - видео спот сниман од присутните.

2011 година е само подготовка за наредната, годината на полнолетството на Суперхикс.

Долгоочекуваниот самостоен концерт е конечно пред Вас. Овојпат интимно, пред само 1500 одбрани. Локална суперподдршка - Новиот почеток.

Останаа уште само 1.000 влезници. Преупредени сте на време.

se-blizi-koncertot-na-superhiks

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Кога бираш успех, постои можност да изгубиш сè друго што е вредно.
Пам Браун