5 работи кои не ви се потребни

5-raboti-koi-ne-vi-se-potrebni-vo-zivotot-povekjeВо животот треба да се научиме да ги двоиме работите на важни и неважни. Да знаеме да утврдиме кои се нашите приоритети. Кој навистина треба да го цениме...

 

...и кој заслужува да биде дел од нашиот живот. Но, постојат и некои нешта во животот кои навистина не ви се потребни.

Овие 5 се типичен пример:

5-raboti-koi-ne-vi-se-potrebni-vo-zivotot

1. Љубоморна пријателка/пријател. Пријателка која потајно се радува на вашиот неуспех, а вашиот успех ја боли еднакво како и нејзиниот неуспех. Овие „пријатели“ најчесто само ви го отежнуваат животот. Научете како да ги препознавате и да ги избегнувате.

2. Секојдневен стрес и нервоза. Освен што не ви се потребни вакви маки во секојдневието, штетни се и за вашето здравје. Потрудете се да ги избегнувате стресните ситуации или научете како да се справувате со нив. Нема да биде крај на светот ако ве нервира некој на работа, дома, сте паднале испит или сте се скарале со партнерот.

3. Дечко/девојка која ве уништува. Партнер кој ве нервира секојдневно, не ве цени ниту вас ниту вашите одлуки и постапки во животот. Љубоморни сцени, оправданија, ограничена слобода – ако се наоѓате во некоја од овие ситуации, време е да тргнете во потрага по нов партнер.

4. Бели влакна на косата. Девојки, не дозволувајте да изгледате несредени само затоа што ве мрзи да си купите боја за коса и да се офарбате. Нема потреба да шетате со бел корен од 10 сантиметри.

5. Непотребни трошоци. Направете план за она што навистина ви е потребно и не ги трошете парите за непотребни нешта.

Би можело да ве интересира:

7 (психолошки) знаци дека сте биле емоционално запоставувани како дете Се плашите да зависите од другите луѓе, не сакате да зборувате за сопствените ем...
Пијат ферментирано млеко од кобила и уште 9 докази дека Монголците се уникатен народ Монголија, земја без излез на море лоцирана во Источна и Централна Азија, е мест...
9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
Ситници во домот за кои гостите ќе ви бидат благодарни кога преноќуваат кај вас Вазна со свежо цвеќе, удобни влечки и шише вода во собата во којашто ќе спијат –...
Најозлогласените и најмоќните наркобосови во светот (кои ги засенува една жена) Можеби мажите се оние кои доминираат во светот на криминалот, но ниту еден од ни...
13 бон-тон правила што секоја дама треба да ги следи Кога сте во јавност, пробувајте да ги контролирате вашите емоции. На пример, деф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Богатството, славата, положбата и моќта не се мерила на успехот.
Вилијам Данфорт