Марфиеви закони и принципи

Кога ќе ви тргне денот на лево, знаете дека ќе ве следи Марфи. И тој секогаш е во право. Ова се неколку Марфиеви закони искомбинирани со плус уште некои принципи и заклучоци.

marfievi-zakoni-i-principi-01.jpg

1. Веројатноста да сретнете позната личност се зголемува додека стоите со некој со кој не сакате да ве видат. 

2. Нештата се упропастуваат пропорционално со нивните вредности. 

3. Веројатноста за некоја случка е обратно пропорционална од посакувањето на истата. 

4. Што и да барате, ќе го најдете на последното место каде што ќе побарате. 

5. Било каде на земјината топка, намачкана фета на лепче, секогаш паѓа на намачканата страна.

6. Кога ќе се паркирате на 2км од дестинацијата, додека да стигнете до влезот пешки, откривате дека токму пред влезот симултано се ослободуваат најмалку 4 паркинг места.

7. Колку е поитна причината заради која чекате во ред, толку е побавен службеникот позади шалтерот.

8. Долгиот ред секогаш напредува побрзо од вашиот.

9. При промена на редот, оној претходниот почнува да се движи побрзо.

10. Да се греши е човечки, но за да се постигне совршенството, мора да додадеме уште еден компјутер.

11. Голови постигнуваат во моментот кога ќе свртиш глава да им свикаш на децата да се смират.

12. Секогаш први заспиваат оние кои ‘рчат.

Би можело да ве интересира:

„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
Сопругот ја изневерувал со мажи, се предозирала: Трагичниот живот на принцезата Маргарет, сестрата н... Не ѝ дозволиле да се венча со љубовта на нејзиниот живот, сопругот ја изневерува...
Никој не оди на фризер во среда и уште 8 факти за животот во Тајланд Знаевте ли дека породилното отсуство на жените во Тајланд трае само 98 дена? А, ...
5 животни лекции кои треба да ги научиме, колку порано – толку подобро Да се ​​живее здрав живот значи да се живее живот полн со социјална интеракција,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Движи се самоуверено во насоката на своите соништа! Живеј го животот што си го замислил.
Хенри Дејвид Торо (1817-1862)