Љубовта и крвните групи

ljubovta-i-krvnite-grupi-povekjeКрвната група која ја наследуваме од родителите преставува силен генетски печат кој го носиме од самото раѓање. Таа – како што утврдиле научниците...

 

...во голема мера делува и на начинот како ги доживуваме и искажуваме емоциите.

На основа на крвната група може да се направи значително реален психолошки профил на личноста. Повеќето луѓе ја користат кога ги одбираат пријателите, апртнерите и животните сопатници.

Оваа анализа веќе петнаесетина години е дел од индустриската психологија. Ја користат истражувачите на пазарот за да ги предвидат навиките на купувачите, но и директорите на претпријатијата кога вработуваат нови работници.

За да направат идеална организација на работењето, Јапонците ги користат сознанијата за да ги распределат вработените, на кои места која крвна група е најпродуктивна.

Така, за планирање, контрола и селекција секогаш ќе одберат личност со крвна група Б, организација, заведувањето и спроведувањето на ред ќе и биде доверено на крвната група А, додека за ефикасноста во реализацијата е задолжена 0 крвна група.

КРВНА ГРУПА: 0

Луѓето со крвна група 0 најчесто се многу срдечни, дружењубиви и отворени. Немаат влакна на јазикот, верни се, искрени и лојални. Бидејќи не превземаат одговорност, жената со крвна група 0, ќе бара група во која ќе се чувствува заштитена и сигурна.

Од друга страна, мажите со нулта крвна група се вистински ловци. Тие имаат неодолива потреба да доминираат, да бидат забележани и затоа одбираат занимање во кое можат да се експонираат и афирмираат, на пример: глума, журналистика, естрада... Тие имаат исклучителна потреба за живеат со личности кои с ерадознали, живи и динамични. Монотонијата и животот по одреден шаблон воопшто не им одговара.

За разлика од жените, мажите се повеќе заинтересирани за кариерата и кога е во прашање работата нема да влетаат во некој однос или ситуација додека не видат што ќе добијат од тоа..

Партнерство и семејство: Жените со крвната група 0 од своите мажи очекуваат среќа, задоволство и нежност. Тие чувствуваат интензивна потреба за мажење, која потекнува од потебата да се докаже низ брак и семејство. Како сопруги владеат од позадина и често активно учествуваат во изградбата на кариерата на својот сопруг. Како мајки, кон децата се поставуваат другарски, пријателски, а личните амбиции ги остваруваат преку сопругот и децата.

Мажите со крвна група 0 се многу заинтересирани за жените, активни се во тој поглед и затоа жените бргу ги забележуваат. Незгодна страна на овие мажи е тоа што умеат да бидат крајно недоверливи, бидејќи некои работи бргу престануваат да ги интересираат. Во брак се приврзани кон семејството, но тука повторно може до израз да дојде нивната инаетлива природа, која и се спротивставува на монотонијата на животното секојдневие.

КРВНА ГРУПА: А

За личностите кои имаат крвна група А може да се рече дека нивниот синоним е  - мислам! Оваа крвна група дава интелигентни личности, кои не ретко делуваат незаинтересирано и студено, но со тоа всушност се штитат, бидејќи се многу чувствителни. Најдобро би ги опишал изразот - нежен војник, бидејќи покрај емотивноста ги одликува и дисциплината и самодисциплината.

Секогаш ќе одберат високоорганизирана група, кога работат многу се професионални и посветени на своите животни, професионални или фамилијарни обврски. Погдготвени се да превземат одговорност, да ги разберат другите, но тоа и го очекуваат и од другите.

Тие се многу добри раководители, инсистираат на прецизна организација, педантна работа и воспоставен ред. Многу бараат, но се праведни. Тие не знаат, ниту ги интересира, да доминираат, или да се експонираат. Тоа никако. Кај нив се забележува побавно напредување во криерата, бидејќи поради ненаметливоста остануваат незабележани, осамени и на страна.

Партнерство и семејство: Жените и мажите со крвна група А се демократични во врските, го почитуваат партнерот и неговите квалитети.  Меѓутоа, поради емотивната и чувствителната природа, своите чувства ќе ги откријат дури кога ќе бидат потполно сигурни и кога мислат дека нема да бидат изиграни и повредени.

Жената со крвна група А е мајка која своите деца ги контролира и ги подржува, но и бара многу од нив.

Мажите со квна група А често пати на прв поглед не се заинтеесирани за женскиот пол, нивните вредности жените ги откриваат дури ако се во подолга врска со нив. Меѓутоа нивниот најголем квалитет е тоа што се личности од доверба и потполно му се посветени за семејството. Кога еднаш ќе го засноваат семејството тоа им е оска на животот. Тие ги подржуваат и сакаат да ги подржуваат, да им истакнуваат квалитетите и способностите на своите сопруги.

КРВНА ГРУПА: Б

Психолошки гледано, мажите и жените со крвна група Б се најинтересни. На изглед интровертни, делуваат воздржано и повлечено, но имаат јасно изграден став за сопствените желби и вредности.

Во професионалниот живот жените со крвна група Б кариерата генерално ја градат на основа на докажаните лични квалитети и напори и речиси никогаш не пројавуваат натпреварувачки дух. Функционираат претежно во тесен круг на доверливи пријатели.

Мажите со оваа крвна група имаат еден вид социјална фасада, делуваат воздржано, повлечено, а за тоа време како шахисти мислат како да стигнат до саканата цел. За да го добијат тоа што го сакаат, подготвени се за отстапки. Тие не бираат професии кои би ги експонирале бидејќи тоа не ги привлекува. Тие во главно ги држат конците во тајност и далеку од очите на оние за кои се заинтересирани.

Партнерство и семејство: Жените со крвна група Б во љубовта очекуваат нежност и задоволства, среќа и верност, како и постојано внимание. Во партнерските односи очекуваат многу, па затоа и тешко се одлучуваат за брак. Инаку, кога веќе се мажат и стануваат мајки многу се грижат за семејството.

Може да се каже дека мажите со крвна група Б ги почитуваат жените на специфичен начин. На жените што ќе ги одберат им носат сè пред нозе и ги третираат како кралици. Меѓутоа, замаскираната природа на мажите со крвна група Б доаѓа до израз дури во емотивниот однос. Склони се кон безволност и меланхолија кога немаат соодветен партнер, полесно им е да мечтеат отколку да се фатат во костец со сопствената природа.

КРВНА ГРУПА: АБ

Жените со крвна група АБ се исклучителни личности. Чувствителни, на кои цинизмот и иронијата им се непознаница. Немаат специфични побарувања, можат да им припаѓаат на било која група, лесно се прилагодуваат, не секогаш успеваат да ја задржат својата индивидуалност.

Кога станува збор за мажите, тие како да не успеале како жените, во себе да се помират со спротивностите на А и Б крвната група. Поради таа двострана природа, мажите со крвна група АБ не можат секогаш да се адаптираат. Тие попрво својот идентитет ќе го остваруваат преку проекциони механизми. Ако се во група каде што преовладуваат личности со крвна група А, тие повеќе ќе ги покажуваат карактеристиките на крвната група Б и обратно.

Партнерство и семејство: Жените со крвна група АБ обожуваат мажи со авантуристички дух, но во љубовта уживаат само додека им е дозволено да бидат мистични. Како мајки им се прилагодуваат на децата, благи се и не бараат многу. Успешно изнаоѓаат мерка колку можат да бидат другари со децата.

Кога станува збор за мажите, специјалитет на крвната група АБ е додворувањето. Тие се големи заводници, но пријатни, се додворуваат суптилно, низ отвореност. Колку овој маж ќе се помири со дивата страна од својата природа, во многу ќе зависи од партнерот. Да речеме, ако неговата избраничка е со крвна група Б, тој ќе се однесува како типичен припадник на групата А и обратно.

ТРИ НАЈУБАВИ ЉУБОВНИ СПОЕВИ

Вложување во емотивните и љубовните односи помеѓу личностите со различна крвна група со истражување не е статистички докажано. Меѓутоа, врз основа на добиените психолошки профили на крвните групи и нивните носители, се гледа кои споеви даваат хармоничен брак, а помеѓу кои крвни групи има најмногу хемија, односно несогласувања.

Жена А + Маж 0: ЕРУПЦИЈА НА СТРАСТ

Најстрасна врска остваруваат жените со крвна група А со мажите со крвна група 0. Ова е и одлична биолошка комбинација, бидејќи од овој брак се раѓаат многу деца. Меѓутоа, жената би требало да размисли за непостојаната природа на својот партнер и да се потруди да му биде постојана инспирација, бидејќи тој чезнее по предизвици.

Жена 0 + Маж АБ: ВЕЧНО ЗАЉУБЕНИ

Браковите помеѓу мажи со крвна група АБ и жени со крвна група 0 се меѓу најубавите бракови кои можеле да се видат помеѓу испитаниците во истражувањето. Тоа во главно се романтични бракови, квалитетни врски, со постојана доза на заљубеност.

Жена А + Маж Б: ПОМИРЕНИ СПРОТИВНОСТИ

Вниманието на мажот со крвна група Б првин ќе го привлече жена со крвна група А. Ова, можеби е надобрата комбинација за брак. Нивните различни природи одлично се надополнуват, бидејќи жените со крвна група А секогаш имаат потреба некого да негуваат, а мажите со крвна група Б имаат неодолива потреба да бидат негувани.

Би можело да ве интересира:

10-те најчитани секс пози на CRNOBELO.com – Која е на врвот? (18+) Која секс поза е најчитана и привлекла најмногу внимание кај читателите на CRNOB...
Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...
30 секс прашања кои треба да му ги поставите на партнерот ако сакате да го „испотите“ и замислите „Која секс поза никогаш не си ја пробал/а, а сакаш? Кој ти е најжешкиот дел од п...
Која секс поза под туш е најбезбедна и ќе ви донесе најголемо уживање, според сексолог? (18+) Безбедна секс поза и нелизгачка постилка во бањата... Што ви е потребно за сексо...
Прашувам за пријател: „Чудно ли е што мојот партнер ги држи очите затворени за време на секс“? (18+) Не е проблем ако партнерот ги држи затворени очите при секс, проблем е како тоа ...
6 причини зошто не можете да си најдете девојка, дури и кога сакате сериозна врска Не водите никаква грижа за изгледот и се однесувате арогантно – кои се најчестит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Ја чувствуваме како што ја чувствуваме топлината на крвта, ја дишеме како што го вдишуваме воздухот, ја носиме во себе како што ги носиме нашите мисли... таа е состојба која не може да се искаже, а се пишува со пет букви...
Ги Де Мопасан (1850-1893)