Jamiroquai на Егзит 2011

jamiroquai-na-egzit-2011-povekjeПредводниците на acid jazz и funk движењето, разиграниот Jamiroquai, на чело со пеачот Џеј Кеј, потврдени се како хедлајнери на фестивалот Exit 2011.



Кариерата на Jamiroquai трае 19 години, а самото тоа е доволен гарант за мноштво на хитови. Покрај старите синглови, овој британски бенд на Петроварадинската тврдина ќе го претстави и својот нов материјал од седмиот по ред студуски албум „Rock Dust Light Star", од ноември 2010 година.

jamiroquai-na-egzit-2011

Формирани далечната 1992. година, Jamiroquai се пробија на светскиот врв заедно со остатокот на британската jazz funk и acid jazz сцена, како што се Incognito и The Brand New Heavies, но ги надмашија во популарноста. Нивнот прв сингл „When You Gonna Learn“ веднаш ги лансираше во видокругот на агентите на издавачката куќа Sony, кои 1993 година им го издадоа деби албумот "Emergency on Planet Earth".

Стануваат популарни веќе со следната плоча „The Return of the Space Cowboy“, но планетарната слава доаѓа дури со „Travelling Without Moving“ во 1996. година. Нивниот хит "Virtual Insanity" станува глобален денс хит, а Џеј Кеј како предводник на acid jazz-от, па и целокупниот поп. 19 години по оформувањето, бендот ја докажува постојаноста на сопствениот израз.

По 25-те милиони продадени албуми и освоеното Греми во 1997-ма година, Џеј Кеј ќе ни се придружи на главната бина на Exit, се надеваме подготвен да го повтори феноменалниот настап пред 6 години на белградскиот Саем. Последниот албум „Rock Dust Light Show“, кој засигурно ќе се најде на репертоарот, на радост на многумина се враќа на почетниот звук на Jamiroquai - disko funk.

По долгата и со награди осведочена кариера, Jamiroquai сеуште важат за бенд кој дава се од себе на настапите, а гарантираме дека тоа ќе се случи и на овогодинешниот Exit, пред многубројната публика подготвена да запее со вечно младиот Џеј Кеј.

Со својата потврда на настапот на Тврдината, Jamiroquai им се придружуваат на хедлајнерите на Exit2011, Arcade Fire, Pulp, Portishead, Grinderman, Underworld, Deadmau5. Листата на хедланери расте секоја недела, очекувајте и нови имиња наскоро. Оваа година Exit се одржува по дванаесети пат, од 7ми до 10ти јули 2011. На Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Големата надеж е многу поголем поттик во животот отколку што би можела да биде каква и да е доживеана радост.
Фридриг Вилхелм Ниче (1844-1900)