Викенд предлог: Вевчани

vikend-predlog-vevcani-neverojatna-ubavina-povekjeКога ќе сакате да побегнете од градската бучава и да се одморите од сè, топло ви препорачуваме да го посетите Вевчани. На патот кон Струга...


...после селото Велешта, во падините на планината Јабланица е сместено едно најубавите македонски села. Доколку патувате од Охрид, оддалечено е 30km. Тимот на CRNOBELO.com реши да ја посети „државата Вевчани“.

На сред село не пречекаа љубезните жители на Вевчани, кои со душа чекаат посетители за да ги раскажат легендарните приказни врзани за ова место. Освен што е препознатливо по традиционалниот карневал кој секоја година се одржува на Василица 13ти и 14ти јануари, Вевчани изобилува со неверојатна природна убавина, а вистинска атракција се Вевчанските извори.

vikend-predlog-vevcani-neverojatna-ubavina-1

За да стигнете до изворите потребни ви се 10-тина минути од центарот на селото нагоре, следете ги ознаките и уживајте во старите уникатни селски куќи кои пленат со својата топлина.

vikend-predlog-vevcani-neverojatna-ubavina-6

Во пределот кај изворите направена е посебна пешачка патека, можете да најдете и дрвени клупи и масички. Уживајте во зеленилото и звукот на водата.

vikend-predlog-vevcani-neverojatna-ubavina-2

vikend-predlog-vevcani-neverojatna-ubavina-3

vikend-predlog-vevcani-neverojatna-ubavina-4

vikend-predlog-vevcani-neverojatna-ubavina-5

По прошетката на изворите, релативно гладни, ние решивме да го посетиме најдобриот ресторан во селото кој се наоѓа на стотина метри од прочуените Вевчански извори.

Ова место е од оние кои навистина со право си го заслужуваат името - „Домаќинска куќа“. Одамна не сме наишле на толку пријатни и љубезни домаќини кои навистина ги ценат своите гости. По нашки кажано - да ти е мерак да седнеш!

vikend-predlog-vevcani-neverojatna-ubavina-7

Во „Домаќинска куќа“ имате можност да уживате на сонцето на нивната уредена тераса (Амазон) или пак во пријатниот традиционален македонски амбиент во ресторанот.

Имавме можност да ја посетиме и домашната визба и да дегустираме одлично домашно македонско вино. Што се однесува до храната – што и да пробате нема да погрешите. Ние во комбинација со домашно црвено вино "Вевчанска крв", дегустиравме сирење со посебен шмек. Го пробавме и специјалитет на куќата - вевчанското луканче изработено по рецепт на старите вевчанки со уникатен вкус и арома.

vikend-predlog-vevcani-neverojatna-ubavina-9

Домашното лепче од сопствената фурна во комбинација со пршут, кулен и тазе печено месо нема да ве остават рамнодушни.

Преку спојот на дрвото и каменот, традиционалните предмети и старото огниште овде ќе ја почувствувате топлината што ја овозможува нашата земја.

Домаќините подготвуваат интересен предлог кој се надеваме дека ќе се оствари наскоро, и би бил уникатна атракција за сите кои сакаат да уживаат во природните убавини. Ние секако ќе ве информираме за што станува збор веднаш штом почне да се реализира.

Искрено, не сакавме да си одиме. Но, едно е сигурно – задолжително и често ќе се враќаме!

Повеќе информации за „Домаќинска куќа“ можете да најдете на нивната веб страна: www.hoteldomacinskakuca.com.mk

Ви подготвивме галерија со повеќе фотографии кои веруваме дека ќе родат желба да го посетите ова место со неверојатна убавина: кон галеријата!

(фото: Јасмина Вета)

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Само љубовта е вечна, само љубовта не умира...
Хари Кемп